Јун142010
Напишано од Јанев

Амбиграм логоа

ambigram_prva
Амбиграм е типографски дизајн или форма која може да се прочита како еден или повеќе збора, не само во стандардната насока на читање, но и обратно, од друг агол, или ориентација. Даглас Хофштатер го дефинира амбиграмот како калиграфски дизајн кој успева да спои два различни начини на читање во едно движење. Многу често како креативна форма, и нормално доколку дозволува се застапени како логоа. Подолу направив избор од 10 најпознатите и најуникатните логоа амбиграми

Јун132010
Напишано од Јанев

Позадини од Светското првенство

fifa_prvaa
Светското првенство во Африка започна и во наредниот месец ќе биде главна преокупација на љубителите на фудбалот. Иако не сум некој фан на фудбалот, целата таа магија и дружба што ја носи е одлична. За сите вас, кои сакате да си ја смените позадината на вашиот монитор и да бидете во тек со случувањата спремив 4 одлични позадини со мотиви од Светското првенство. Изберете ја вашата омилена и нормално споделете со сите Smile За поставуввање само кликнете на сликата и кога ќе ви се отвори поголема, десен клик и Set as Desktop Background.

Јун132010
Напишано од Јанев

Векторски веб копчиња за преземање

vector_prvaaa
Доколку сте од оние дизајнери кои веб копчиња дизајнираат во Илустратор наместо во Фотошоп, тогаш овие добро ќе ви дојдат. Има преку 20 веб копчиња во вектор, бесплатни за преземање и може слободно да ги менувате според вашите потреби. Минималистички и среден дизајн, од обични ОК копчиња до веб менија.

Јун122010
Напишано од Јанев

Концептуални логоа

concept_prva
Една од можеби најважните карактеристики на добро и квалитетно дизајнирано лого е позади себе да има прво добра филозофија и значаен концепт и второ илустрација која прво ќе ги спои тие две и најсликовито ќе ја пренесе пораката на публиката. Дизајнерите ќе знаат дека имаат успешен концепт и илустрација ако публиката од прва ја сфати пораката. Знаеме дека сликата или во овој случај илустрацијата вреди 1000 збора, затоа илустративните логоа најлесно влагаат во меморија, а со тоа и лесно се пренесуваат. Понатамѕ следува листа која ја собрав од неколку галерии со логоа и одбрав 40 неверојатно добри концептуални логоа.

Јун112010
Напишано од Јанев

Креативни пакувања кај алкохолните пијалоци

alcohol_prva
Се повеќе ќе забележите по рафтовите производи со уникатен и креативен дизајн на пакување. Маркетинг агенциите се повеќе одвојуваат посебно внимание кон пакувањето отколку за реклами на пример. Знаат дека многу често пресуден фактор за купување на некој производ понекогаш е токму неговото убаво пакување.
Во овој пост конкретно пакувањето и дизајнот на етикетите на алкохолните пијалоци. Сите ние имаме некој омилен пијалок, не мора да сме зависници :) дали поради вкусот, пакувањето или нешто трето, кај нас оставиле впечаток. Направив селекција од 40 феноменални пакувања на алкохолни пијалоци од целиот свет. Кој е според вас најдобро дизајниран домашен пијалок? Дали пакувањето е пресудно за вас? Можете да одговарате во коментарите најдолу.

Јун112010
Напишано од Јанев

3 веб банери - бесплатно

baner_prva
Веб рекламите се насекаде околу нас. За да се издвоите од големата група прв чекор е одличен а атрактивен дизајн за да ги привлечете посетителите да кликнат токму на вашата реклама. За вас имам 3 супер банери и беџеви спремни во лејери во еден фотошоп фајл.

Јун102010
Напишано од Јанев

3Д Типографија

3d_prva
Типографијата е илустративна техника на уредување, едитирање на текст, посебни карактери или глифови. Уредувањето вклучува селекција на фонт, големина, проред, должина на линија, кернинг и сл. Во поново време се повеќе графички дизајнери за дизајн на флаер, постер или друг принтан материјал користат типографски идеи и решенија. Доколку се има добра идеја, правилен и уникатен распоред на неколку букви може да биде многу поефективен од некој пренатрупан со елементи дизајн. Посебно во овие решенија е застапен 3Д ефектот. Затоа во продолжение одвоив 25 одлични 3Д типографски решенија.

Јун102010
Напишано од Јанев

Дизајн на корпоративен идентитет

letter_prva
За една фирма и компанија да се распознава и се одвои од толпата многу важно е да има свој сопствен и уникатен идентитет. Под идентитет на корпорација се подразбира сите материјали без разлика дали принтани или електронски се разменуваат при интерна или екстерна комуникација. Од најобични соопштенија преку визит карти, пликоа до средства за специфични намени, како честитки, благодарници и сл....се треба да има еден стандарден стил и дизајн. Со сето ова самата компанија покажува дека има професионални односи и својот идентитет го наметнува со цел да бидат по влијателни и познати. За вас одвоив 25 уникатни корпоративни идентите во кои најчесто влегуваат меморандум, визитка и плико.

Јун092010
Напишано од Јанев

Векторска уметност

vector_prva
Графичките дизајнери кои работат најчесто векторска графика и кои имаат идеја и знаат како до уметничко дело се меѓу најценетите. Воопшто не е лесно да се исцрта само со помош на точки и криви, форми и големини...некој предмет или уште потешко портрет. Понекогаш самата графика е до тој степен професионално изведена што тешко се прави разлика меѓу реалниот предмет и векторизираниот. Понатаму следуваат 35 Најдобри векторски уметнички дела според мој избор. 

Јун092010
Напишано од Јанев

Ретро разгледници и честитки

post_prva
Мало потцетување посебно за новите генерации што беше тоа честитка / разгледница Smile Мало парче подебела хартија, како потенок картон, на кој од едната страна има слика / илустрација од држави, градови, познати туристички места ако е разгледница, и празнични мотиви како Божиќ, Нова година, Свети Валентин, годишнини, родендени и слично на честитките. А од другата место за кратка порака и нормално адреса на примачот. Во денешно време кога електронските картички и честитки се веќе прифатена форма, се поретки се оние поборници на овие форми на комуникација. Како и да е, таа форма си има посебна вредност, особено од аспект на графичкиот дизајн и затоа решив да ви презентирам 20 разгледници во ретро стил.

Јун092010
Напишано од Јанев

Постери во круг

cirle_prva2
Со дизајн на постер може целосно да ја покажете својата креативност, посебно ако имате слобода до одредена мера. Целината и компактноста на елементите и формите е многу важен фактор. Синхронизираната репетиција на еден елемент по големина, боја и форма е доста чест концепт за многу дизајнери. Во прилог ви претставувам 20 постери каде главен елемент и почетна инспирација е кругот.

Јун082010
Напишано од Јанев

20 Маици за дизајнери

tee_prva
Секој дизајнер без разлика дали е графички или веб, мора во својата колекција од маици да има барем една омилена поврзана со дизајнот или компјутерите воопшто. Многу често дизајнерите сами си дизајнираат свои илустрации специјално за маици, од едноставни типографски мотиви до поселожени апликативни содржини. Во продолжение направив прилог од 20 маици кои сум убеден секој дизајнер би сакал да ги има. Примерите и идеите ги имате, па што чекате Smile

Страница 30 од 32

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons