Мар102014

ГИФ анимации оживуваат апликации

gif_apps_cover
Во претходниот пост видовме како со гиф анимација му се дава динамика и на наједноставно лого. А сега ќе видиме уште покорисна употреба на гиф анимации а тоа е за презентација на апликациии и кориснички интерфејси. Скриншотовите се статични и не можат да ги доловат сите ефекти без класичен мокап, а денес и сами сте сведоци дека освен дизајнот апликацијата мора да има интуитивен интерфејс за користење. Токму затоа со помош на гиф анимациите може во целост да се видат сите движења, анимации, транзиции, и сите потребни потези на една финална апликација. На крај не тежи многу и може да се отвори со секој прелистувач.

Мај112012

Pocket - зачувајте и прочитајте подоцна

11

Многу често ни се случува да наидеме на добра статија, пост, интересен клип и сл. но заради други обврски да не можеме во истиот момент да ја прочитаме и целосно посветиме. Понекогаш тоа е на твитер, фејсбук, фид...понекогаш на мобилен, лаптоп...а сакаме да ги имаме сите на едно место, без да букмаркираме или си праќаме на имејл. Вакви апликации има неколку, но една што се двои и дефинитвно во моментот е најдобра е Pocket.

 
Јул292011

Аналогна фотографија со помош на iPhone

1
Фото апликациите ми се дефинитвно омилена секција од AppStore и сум огромен фан на Hipstamatic. Ниту еден друг смартфон немал толкаво влијание врз фотографирањето како iPhone. Дури и најголем број на фотографиите закачени на flickr се направени со помош на iPhone. Фотографиите што се прават со помош на Hipstamatic да ги видевте пред 2-3 години сигурно ќе си помисливте дека само професионални камери може да направат ваква фотографија. Кратка рецензија со повеќе слики за дефинитвно најпопуларната iPhone апликација за фотографирање.

 
Мар252011

Инспиративни интерфејс дизајни на iPhone апликации

iphone_interface
Првиот iPhone se појави во 2007-ма година. Сите знаеме каква револуција претставуваше во класата на smartphones. Од дизајнот, хардверот, интерфејсот...едноставно ремек-дело. Заедно со него излезе и iPhone OS (Оперативниот Систем) или скратено iOS, кој има свои верзии за iPod и iPad. Базиран на мулти-тач технологијата која овозможува директна интеракција со корисникот и неговиот допир и допирни гестови.  Денес има преку 300.000 апликации достапни преку AppStore. Самиот графички интерфејс е инспирарички сам по себе, уште повеќе за дизајнерите на third-party апликациите. Еден сосем мал дел од оние најдобро дизајнираните погледнете на повеќе.

 
Фев252011

Две бесплатни апликации за фонтови

naslovna
Овој пат кратка и корисна статија за сите дизајнери / фриленсери кои често работат со фонтови и типографија. Две апликации кои се бесплатни и кои задолжително треба да ги имате при рака, т.е. во вашиот iPhone.

 

Страница 1 од 3

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons