Ное192010

Накратко кажано е микс од фотографирање и социјални мрежи. Сликаш или користиш фотографија од библиотеката, додаваш ефекти, вкупно 11, кои патем се одлични, ретро, црно бели...со различни рамки на истите.

8

Потоа, додавате наслов и подолу после конфигурирањето може да ја споделите и на twitter, facebook, flickr, tumblr, foursquare. Освен на овие социјални мрежи, вие може да се конектирате и со веќе постоечки Instagram корисници. За оние што користат Твитер, сигурно Follow е веќе познат термин, а за оние што користат Фејсбук тука се коментарите и лајковите.

9

Значи од двете најпознатие мрежи моментално го имате најдоброто. Има feed на фотографии на сите кои ги следите, плус напопуларните фотографии во даден момент со најмногу коментари и лајкови. На почеток за да додадете пријатели Instagram може да пребара низ вашите контакти, твитер следачи или фејсбук твитери и доколку пронајде Instagram корисници меѓу нив лесно може да ги додадете, а ако нема, може и со мејл да поканите кого сакате. Може и фотографиите да бидат приватни, а со тоа и вашиот профил заклучен, нешто слично како кај Твитер, иако тоа никогаш не сум го разбирал :)

photo3

Освен тоа има одличен дизајн, интуитивен интерфејс и лесен за користење, за неколку секунди поставувате нова фотографија. И за крај најдоброто, апликацијата е сосем бесплатна, симнете ја, испробајте ја, сигурен сум дека ќе станете фан за брзо време. И нормално почнете да ме следите :)

photo

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons