Јан202011

PRVA
Доколку имате iPhone 4 тогаш сигурно често ја користите камерата за сликање на се што ќе ви се види интересно, бидејќи знаете дека резултатот ќе биде одличен, а со многубројните дополнителни апликации може да направите вистинско ремек дело.
Една таква апликација е и Phoster. Наменета и за дизајнери, а и за оние што немаат или имаат многу мали познавања од дизајн. Посебно ако сакате некоја слика да ја направите како постер.

На кратко за апликацијата е опишано со едно интересно скечирање на сликата подолу. Значи импорт на слика, додавање теми, менување на бои и текст и споделување со светот, кратко и јасно.

photo_2

Значи најпрвин бирате темплејт што ви се допаѓа и нормално што ви се совпаднал со дадена фотографија. Потоа ја селектирате фотографијата или веднаш ја користите камерата и фотографирате,  нормално го менувате дифолтниот текст, големина и боја, и доколку има потреба да ја едитирате фотографијата, светлина, контраст и сл.

photo_3

photo_5

На следниот екран имате неколку одлични филтри со чија помош целиот постер може да добие уште подобар дизајн и за крај ја зачувувате или ја споделувате преку Facebook, Twitter, Tumblr, Email или едноставно ја принтате.

photo_3_2

photo_4_2

Набрзина направив одличен постер за промоција на Охрид и Македонија, во стилот на кампањата, Македонија вечна :)

photopp

Кога велaм темплејт не станува збор за само десетина готови темплејти, туку над 50 одлично дизајнирани, и во сите стилови и форми што ќе ви затребаат. Без разлика дали сакате да направите комичен постер, или промотивен за свирка, концерт...за изложба..за филм...за книга...сигурно ќе го најдете тука. Ќе напоменам само неколку, тука се познатите: I ♥ NY, постерот од филмот за фејсбук, Тhe Social Network, Inception како и сезонски за Божиќ, Св. Валентин и слични.

Целата апликација има одличен интерфејс, крајно минималистички и едноставна за употреба. Како дифолтен не користи apple фонт, туку познатиот DIN. За неколку минути имате филмски постер како омилениот филм или промотивен материјал за некој настан.

Како недостаток на iPad може да се смета што претходно треба да ја имате фотографијата, не можете како на iPhone да сликнете кога сакате. Меѓутоа и тоа најбрзо ќе се реши со iPad 2 :)

Креираниот постер е со резолуција 1448 х 2048 пиксели и 300 точки, нормално RGB, бидејќи дисплеите не се калибрирани за принт, и не може да го видите постерот како би бил во CMYK.

Апликацијата нормално може да ја купите од АppStore чини $1.99 и вреди целосно за дадените пари.

За крај погледнете какви ремек дела се направени со помош на Phoster во групата на flickr, и нормално приклучете се.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons