Фев072011

PRVAmzl
DataMan е iPhone апликација со чија помош секогаш ќе имате увид на тоа колку мегабајти/гигабајти сте потрошиле на вашиот iPhone. И тоа не само EDGE/GPRS/3G трансферот туку и WIFI сообраќајот. Со ова ќе заштедите и нема да дозволите да го надмините месечниот лимит што го имате, посебно на 3G сообраќајот.

Уште поинтересно е што има GeoTag и DataMan секогаш знае точно каде низ градот/државава сте користеле интернет, колку и каков интернет на вашиот iPhone.

photo_3

Може да видите секој час од денот колку сте даунлодирале, а колку податоци аплоадирале. Се рефрешира автоматски на секои 10 минути.

photo_2

Едноставна и лесна за користење. Интерфејсот е премногу интуитивен и без никакво претходно знаење за неколку минути вие ги знаете сите опции. Сами одредувате кога да почне и кога да заврши еден циклус, односно од која до која дата ве тарифира провајдерот.

photo_4

Апликацијата ви дозволува сами да си поставувате свои аларми кога да ве потсетуваат дека сте го надминале дневниот, неделниот или месечниот лимит и сето ова во реално време. Такви на располагање ви се вкупно 4.

photo_5

Кога ќе ја поминете границата ќе добиете нотификација дури и апликацијата да не е активна. DaтаМan работи на сите провајдери без никакви дополнителни наплати.

photo_1

Затоа ако често користите интернет на вашиот iPhone, оваа апликација мора да ја имате. Лесно ќе ги менаџирате вашите трошоци. Чини $1.99 и нормално ја купувате од AppStore. Нема повеќе сомнежи дали ви наплатиле повеќе, а доказот е секогаш во вашиот iPhone.

коментари (2)add comment

pero said:

0
...
Sto gjavol bara ova ovde???
Najdi nesto pointeresno a ne gluposti za apple!
февруари 10, 2011

janev said:

0
...
Pero sekcijata iPhone e najnovo dodadena, najmnogu poradi toa shto imav nekolku baranja na nekolku druzhtveni mrezhi, pa sakav i tuka da pomognam i tuka, a i da se zbogati sodrzhinata.
февруари 10, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons