Фев252011

naslovna
Овој пат кратка и корисна статија за сите дизајнери / фриленсери кои често работат со фонтови и типографија. Две апликации кои се бесплатни и кои задолжително треба да ги имате при рака, т.е. во вашиот iPhone.

FontShuffle

prva

Апликација која во својата база има преку 650 фамилии на фонтови и која сигурно ќе ви помогне кога го имате само ајфонот со вас да одберете перфектен фонт. Апликацијата ги групира најпрвин по групи, серифни, сан-серифни, скриптни, готски, дизајнерски итн и понатаму од листата селектира слични според вашиот избор. А, може и само да го протресете ајфонот и имате рандом избор. Базата постојано се обновува со нови и свежи фонтови така да секогаш ќе сте во тек со новите стилови на фонтови.

What the Font

prva2

Сигурно секој дизајнер барем еднаш го користел веб сервисот на WhatTheFont на MyFonts.
Апликацијата за ајфон ги има истите карактеристики, со таа предност што тука штом видите некој фонт и не можете да се сетите кој е, фотографирате, аплоадирате и за неколку секунди имате избор на сите кои се совпаѓаат. Исто така, додека сурфате, може да направите принт скрин и сликата веќе ја имате во вашата галерија. Ќе се изненадите колку прецизно и точно го открива баш истиот фонт.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons