Мај112012
11

Многу често ни се случува да наидеме на добра статија, пост, интересен клип и сл. но заради други обврски да не можеме во истиот момент да ја прочитаме и целосно посветиме. Понекогаш тоа е на твитер, фејсбук, фид...понекогаш на мобилен, лаптоп...а сакаме да ги имаме сите на едно место, без да букмаркираме или си праќаме на имејл. Вакви апликации има неколку, но една што се двои и дефинитвно во моментот е најдобра е Pocket.

Претходно беше позната како „Read it Later" што е всушност базичната примена. Значи ако претходно сте имале профил таму, се логирате со истото корисничко име. Ако не, многу брзо ќе си направите нова корисничка сметка, дури има и посебен туторијал за тоа. Ќе издвојам три главни функции и предности кои апликацијата ја прават најкористена во моментов.

Untitled-1

Главната предност на Pocket пред другите е што е инкорпорирана во над 300 други апликации, вклучувајќи ги тука Pulse, Flipboard, Zite...како најпознати фидови. Понатаму во твитер клиенти како Tweetbot, Twitterific или Echofon...нормално во самиот прелистувач на вашиот смартфон, но и посебно копче за вашиот десктоп пребарувач. Го преземате т.е. повлекувате во букмарк листата преку самата веб страна

2

Значи линк кој сте го зачувале преку твитер, може подоцна да го прегледате на вашиот таблет. Или содржина која сте ја зачувале на вашиот таблет подоцна да ја прегледате на лаптоп. Едноставно и многу брзо. На почеток спомнав за праќањето линкови на сопствен имејл. Дури и ако сте навикнати на тоа, Pocket го имаат и тоа решено. Се што треба е да го пратите линкот или веб содржината на add@getpocket.com и тој веќе ќе го имате во листата.

3

Друга предност е што содржините не се само текстуални, туку има и мала привју сликичка, за сите оние што имаат визуелна меморија. За секоја снимена содржина во Pocket вие си поставувате тагови, кои верувајте ако имате многу содржини во листата и те како ја олеснуваат работата во пребарувањето. Има неколку стандардни функции како, бришење, ставање во архива, споделување...и тоа селектирајќи и неколку артикли наеднаш. Пребарувањето е поедноставено и по категории, како постови, слики, видеа.

5

photo_5

И трето, сите вие кои читате книги на вашите eBook читачи или таблети знаете колку се добри опциите како night mode или подесување на светлина и фонт. За среќа истото го имате и во Pocket.

photo_4

Прегледувањето на зачуваните содржини е можно и offline. Веб страните се зачувуваат во комплетен формат, така да лесно може секаде да ги прегледувате.

4

Pocket е бесплатен, компатибилен со скоро сите платформи и системи и веќе го користат над 5 милиони луѓе, бидете дел од нив, воопшто нема да зажалите.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons