Апр182011

Симетрични логоа

PRVA6-badtwins
Симетричните форми со својата перфекција се секогаш полесни за паметење. Со својата перфекција даваат чувство на стабилност и цврстина. Ова посебно важи со помалите форми како логоата на пример. Само со едноставноста ротирање на едната страна се добива една целина. Еве дел од најдобрите вакви логоа.

Мар072011

Ретро амблем логоа

emblem_logo
Во последно време голем тренд што забележувам во дизајнот на логоа, барем во светски рамки, е дизајн на ретро амблем логоа. Тоа се обично оние во кружна форма, налик на беџ, или со ретро превез преку нив. Боите се најчесто пастелни и пригушени. Фонтот е ретро и најчесто ја следи кружната форма. Често има и имитација на некој материјал или текстура, се со цел пореален ефект. Издвоив дел од подобрите.

 
Фев232011

Новото лого на ДЕЗЕН - туторијал

PRVA
Сигурно повеќето веќе забележавте, од вчера ДЕЗЕН.мк е со ново лого. Чисто типографско и во стилот на традиционалните дезени и везови. Мала симулациија на зашиени карактери која ја добив како идеја работејќи на сосем друг проект. Она што е најинтересно е што логото е направено за 5 минути и секој почетник во Илустратор може лесно да го научи и користи истиот ефект а да добие векторски производ. Доказ повеќе дека на прво место е идејата, посебно кај дизајнот на логоа. Ќе се обидам тоа да го направам со повеќе слики, а помалку текст.

 
Фев012011

Бренд - Идентитет - Лого

prva_logo
Логоата не бомбардираат секојдневно и се насекаде околу нас. Според едно истражување просечен американец гледа по 16,000 логоа секој ден. Да да, добро прочитавте, нема грешка во нулите. Не верувате, еве еден мал екперимент, без да станете од столчето и додека го читате ова погледнете наоколу и избројте колку логоа гледате. Почнете од себе, облека, чевли, мобилен, техника, компјутери, додатоци...еве пример јас за помалку од 5 минути, вклучувајќи го тука и фотографирањето избројав 33 логоа ! Сигурно и вие сте околу оваа цифра, а можеби и повеќе, се зависи кое е вашето работно место. Ова се помножува по десетици пати ако излезете надвор, прелистате некое списание, или само замислете ако влезете во голем шопинг центар.

 
Јан262011

Нови свежи логоа

PRVAfresh logos
Нови, свежи и уникатни идеи и концепти на логоа. Доказ дека креативноста доаѓа во мали форми. Први во оваа година и сигурно не и последни.

 

Страница 3 од 7

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons