Ное022010

Логоа на градови

city_logos
Да се дизајнира лого на еден град не е ни малку лесна работа. Кога се работи на нешто такво мора да имаме в предвид дека за разлика од логоата на компании, градско или општинско лого во себе мора да содржи културолошка позадина, на повеќе нивоа, од политичко, социјално, економско и слично. Затоа овде процесот на истражување и запознавање со историјата на еден град треба и мора да биде многу по сеопфатен.

Дали ви треба ново лого?

novo_logo-01PRVA
Пролетта по обичај значи будење и почеток на нови работи. Завршува зимата и сонцето е се појако, а со тоа и луѓето се пораздвижени. Затоа е време и вие да почнете со нешто ново, без разлика дали сте поединец или фирма, освежете го вашиот постоечки идентитет или доколку немате креирајте нов. Се разбира тоа започнува со можеби најмалиот дел, а сепак најважниот, тоа е вашето ЛОГО. Подготвив прашалник (алгоритам) со кој полесно ќе дознаете ДАЛИ ВИ ТРЕБА НОВО ЛОГО. Бидете искрени :)

Последно освежено на Мар232014
 
Сеп032010

3Д логоа

PRVA_3d_logo
Иако не сум голем фан на 3Д елементите воопшто, посебно на 3Д логоата, сепак тоа е понекогаш токму она што најмногу одговара или е едноставно желба на клиентот. Три димензионалните логоа мора да се согласам изгледаат поатрактивно на прв поглед за повеќето од нас. Меѓутоа не секогаш се лесно применливи за сите медиуми. Одлично може да се вклопат на веб, или за некоја анимација, но за принт или како реклама во весник може да изгледаат многу лошо најмногу поради неквалитетниот принт на сите тие ефекти кои се задолжени за 3Д изгледот. И не секоја индустрија трпи било какви поместувања од 2Д стандардот. Како и да е, на повеќе подготвив дел од најновите 3Д логоа од оваа година.

 
Сеп012010

5 грешки во дизајнирањето на лого

logo-fail-clinica-dental
За дизајн на логоа сум пишувал повеќе пати. Овој пат малку повеќе за грешките кои се прават, посебно кај нас од аматери и непрофесионални дизајн агенции. Доволно е само да излезете и насекаде околу вас сте бомбардирани од лоши логоа, за кои не би ни можело да се каже дека се дизајнирани, туку лоша слика или клип арт само залепени, заедно со несоодветен фонт и мислат дека завршиле работа. Се прават многу грешки, не само кај нас насекаде, како пример погледенте ја горната слика и се ќе ви стане јасно. Ова се 5 најголеми грешки кои постојано се прават.

 
Авг112010

5 најголеми грешки што ги прават компаниите со дизајнот на лого и брендирање

prrva
Во Македонија на прсти можат да се избројат оние компании кои навистина вложиле и понатаму инвестираат во развојот на нивниот бренд идентитет. И ретките исклучоци повеќето се странски или македонски ребрендирани. Сеуште има компании и тоа големи кои немаат никакви правила за користење на нивното лого на пример, немаат уникатни бои, во различни случаи различно се рекламираат, не постои водич на нивниот бренд итн. Во некоја наредна статија повеќе за најголемите и најбогатите брендови ви Македонија и критички осврт, а сега грешките што во старт се прават.

 

Страница 4 од 7

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons