Авг092010

Познати логоа и нивни дизајнери

Nike-logos
Многу пати до сега сум пишувал за тоа колку е важно логото за секој бренд идентитет. Овој пат ќе ги погледнеме најпознатите бренд логоа и нивните дизајнери. Ќе погледнеме и како се развивале логоата, од инспирација, првичен драфт до финален избор. Ќе се изненадите колку од логоата се истите од самиот почеток, со мали измени.

Авг042010

Најнаградувани логоа оваа година

award logos_prva
Од почетокот на 2010та се забележаа неколку одлични дизајни на логоа. Се повеќе луѓето и компании посветуваат повеќе време и средства на овој дел од нивниот корппоративен идентитет, што придонесе до генерално подобро, покреативни, поконцепциски логоа, барем за првата половина на оваа година. Еве дел од најнаградувани и најомилените меѓу самите графички дизајнери. Според вас кое е најдоброто?

 
Авг032010

Најпознати животни во логоата

anima_prva
Иако прва асоцијација кога ќе ви спомнат два збора „лого“ и „животно“ ќе помислите на некое здружение за заштита на животните, на зоолошка, ветеринарни станици, производи за животни и сл.
Меѓутоа има неколку најппознати логоа со животни, а кои всушност како компании немаат ништо заедничко со нив. Погледнете

 
Јул302010

Лого од прости геометриски форми

geo_prva
Логото на секоја фирма и компанија го остава првиот впечаток кај нас. Можеби нема да се сетиме каде е седиштето на фирмата или каде сме ја виделе рекламата, но добро дизајнирано ќе остане засекогаш меморирано во нашите глави. И не само тоа, ако ви кажам да наброите пет логоа веднаш сигурен сум дека првите десетина ќе бидат едноставни и минималистички логоа по форма и стил. Основните форми на кои се темелат сите останати се круг, квадрат, правоаголник, елипса и триаголник. Секоја од нив си има свое значење и различна примена во дизајнот на логоа.
Кругот и правоаголникот се најчестите форми кои ги среќаваме секојдневно. Само погледнете околу вас, правоаголен монитор, кружен часовник, правоаголна рамка, правоаголна книга, кружна ламба итн. Кругот секогаш дава чувство на комфорт, додека правоаголникот доза на сигурност. Во дизајнот овие форми значат стабилност и цврстина. Круговите означуваат одреден завршеток и слобода. Значи слободно може да се користат за да искажат сигурно движење. Заради перфектната форма се избира кружна форма да означува совршенство.
Триаголникот како форма е најдинамична. Сугерира на раст, прогрес, акција, правец.
Комбинацијата од овие форми е практично бесконечна.
Во прилог ви подготвив неколку од најпознатите логоа во светот кои користат баш некои од овие геометриски форми.

 
Јул202010

Лого од морско коњче

Seahorse_prva
Мистичноста на морското коњче секогаш претставувала своевидна атракција.  Денес, за преставување на идентитет и препознатливоста се користи во многу области. Во дизајн кај ресторани, храна, аквариуми итн. Неколку интересни факти зошти баш ова морско суштество. Бидејќи е моногамно, тоа е симбол на постојаност, стабилност и константност. Уникатна карактеристика на ова нежно суштество е малата „круна“ на главата, што ако не сте знаеле е различна на секое морско коњче, нешто како отисокот на прстот кај човекот. Друг интересен факт е што за разлика од рибите и останатие подводни животни тие пливаат исправено, вертикално, и во тоа се единствени. Сето ова е предизвик за многу дизајнери да го земат токму него како почетна инспирација за креирање на лого. Креативноста лежи во умешноста да се претстави неговата форма. Еве избор од најдобрите.

 

Страница 5 од 7

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons