Јун212010

Типографски логоа

logo_prva
Типографските логоа се постојано во тренд. Со правилен избор на фонт, мало или поголемо едитирање на истиот може да излезе уникатно име на компанија, скратеница или слично. Бидејќи овде немате други елементи, целата креативност и идеја мора да биде вметната во самиот текст. Мора да се внимава и при изборот на основниот фонт, сигурно нема да употребуваме корпоративен фонт за лого за игротека на пример, намената и опсегот на користење се од суштинско значење.
Денес за вас имам одбрано 30 типографски логоа. Црпете инспирација и не заборавајте да споделите

Јун202010

Полжавот во логоа

snail_prva

Полжавот секогаш како почетна идеја и инспирација во себе го носи перфектниот баланс. „Виновник“ за ова е перфектната спирала во која е свиктана куќичката и уникатното движење на линијата. Затоа секогаш е одлична асоцијација ако вашиот дизајн, посебно дизајн на логоа е поврзан и треба да пренесува порака на баланс, раст и развој. Во прилог се 15 логоа одлични за ваша инпирација а кај кои полжавот е примарен елемент.

 
Јун182010

Логоа инспирирани од Twitter

Twitter_logos_collage
Сите знаеме (или барем оние што се на било каков начин вклучени во социјалните мрежи и трендовите) што е, зошто е и како функционира Twitter. Овде нема да зборуваме за предностите или маните на Twitter, туку ќе погледнеме колкаво влијание има направени врз дизајнот, или поточно овде во дизајнот на логоа. Секоја услуга што се нуди а има врска со Twitter воопшто мора, или подобро препорачливо е да има дел од брендот Twitter. Направив селекција од фантастични логоа поврзани со Twitter.

 
Јун152010

Креативен негативен простор кај логоата

negative_prva
Негативен простор е просторот помеѓу и околу главните елементи и симболи во дизајнот. Многу често искористуван од дизајнерите на логоа. Логоата каде што има паметно искористување на негативниот простор се секогаш инспиративни и интересни за целата публика, најмногу поради фактот што сами ги откриваат скриените елементи. Негативниот простор креира баланс во композицијата. Направив селекција од 30 најкреативните логоа со искористување на негативниот простор. Одлична инспирација за вашите следни проекти. Над сите логоата се имињата за да ви помогне околу откривањето на скриените елементи. 

 
Јун142010

Амбиграм логоа

ambigram_prva
Амбиграм е типографски дизајн или форма која може да се прочита како еден или повеќе збора, не само во стандардната насока на читање, но и обратно, од друг агол, или ориентација. Даглас Хофштатер го дефинира амбиграмот како калиграфски дизајн кој успева да спои два различни начини на читање во едно движење. Многу често како креативна форма, и нормално доколку дозволува се застапени како логоа. Подолу направив избор од 10 најпознатите и најуникатните логоа амбиграми

 

Страница 6 од 7

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons