Јун122010

Концептуални логоа

concept_prva
Една од можеби најважните карактеристики на добро и квалитетно дизајнирано лого е позади себе да има прво добра филозофија и значаен концепт и второ илустрација која прво ќе ги спои тие две и најсликовито ќе ја пренесе пораката на публиката. Дизајнерите ќе знаат дека имаат успешен концепт и илустрација ако публиката од прва ја сфати пораката. Знаеме дека сликата или во овој случај илустрацијата вреди 1000 збора, затоа илустративните логоа најлесно влагаат во меморија, а со тоа и лесно се пренесуваат. Понатамѕ следува листа која ја собрав од неколку галерии со логоа и одбрав 40 неверојатно добри концептуални логоа.

Јун082010

Хелветика кај логоата

helv_prva
Хелветика е еден од најшироко распростанетите санс серифни фонтови низ целиот свет. Дизајниран во далечната 1957 од швајцарецот Макс Миедингер и сеуште е актуелен и популарен фонт. Посебно го има кај логоата, најповеќе кај типографските. Дел од најголемите светски компании го користат Хелветика и неговите варијанти.

Моќен, цврст, стилски, читлив...се само дел од спецификациите кои го прават фонт број еден за многу дизајнери. Во продолжение следува избор на 25 Најголеми светски компании кои го користат Хелветика во самите логоа.

 
Јун052010

10 Најпознати кружни логоа

circle-logo-designs-small
Според некои статистички податоци логоата во форма на круг се застапену со дури 27 % од вкупниот број на логоа. Тоа е огромен процент имајќи в предвид дека постојат уште триесетина други форми и типови на логоа. Кругот како перфектна форма има за цел да покаже дека логото, т.е. компанијата што ја застапува е стабилна, присутна долго време, и влева доза на сигурност кај клиентите. Од друга страна, има непотвредена тезе дека човечкото око многу попријатно ги перцепира кружните, полукружните и брановидните форми, за разлика од острите и прави линии на пример. И се разбира ако тоа е пријатно за окото и подолго време ќе остане во нашата меморија, а тоа е всушност и целта на секој дизајнер да постигне. На повеќе има селекција од 10 логоа, кружни по форма се разбира, кои според мене се најпознати и најдобро дизајнирани.

 
Мај232010

Најнови модерни стилови

2

Во изминативе 4-5 години колку што активно дизајнирам логоа, се сменети многу трендови, воведени нови техники и стилови, нови ефекти...секогаш со излегувањето на нова верзија на векторски софтвер доаѓаат и нови алатки.
Секојдневното прегледување на логоа, понекогаш и над 100 дневно, создава јасна слика за новите трендови и стилови.
Текстот се повеќе станува важен фактор сам по себе во креирањето на нов корпоративен идентитет. Дизајнерите а и клиентите сакаат пораките да бидат подиректно пренесени, со инкорпорирањето на зборови и имиња директно во типографијата. Се појавија логоа кои се повеќе информација отколку дизајн.
Еве неколку од нив кои се прилично нови или понапредна верзија од веќе добро етаблиран стил.


 

Страница 7 од 7

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons