Јул302010

geo_prva
Логото на секоја фирма и компанија го остава првиот впечаток кај нас. Можеби нема да се сетиме каде е седиштето на фирмата или каде сме ја виделе рекламата, но добро дизајнирано ќе остане засекогаш меморирано во нашите глави. И не само тоа, ако ви кажам да наброите пет логоа веднаш сигурен сум дека првите десетина ќе бидат едноставни и минималистички логоа по форма и стил. Основните форми на кои се темелат сите останати се круг, квадрат, правоаголник, елипса и триаголник. Секоја од нив си има свое значење и различна примена во дизајнот на логоа.
Кругот и правоаголникот се најчестите форми кои ги среќаваме секојдневно. Само погледнете околу вас, правоаголен монитор, кружен часовник, правоаголна рамка, правоаголна книга, кружна ламба итн. Кругот секогаш дава чувство на комфорт, додека правоаголникот доза на сигурност. Во дизајнот овие форми значат стабилност и цврстина. Круговите означуваат одреден завршеток и слобода. Значи слободно може да се користат за да искажат сигурно движење. Заради перфектната форма се избира кружна форма да означува совршенство.
Триаголникот како форма е најдинамична. Сугерира на раст, прогрес, акција, правец.
Комбинацијата од овие форми е практично бесконечна.
Во прилог ви подготвив неколку од најпознатите логоа во светот кои користат баш некои од овие геометриски форми.

 

КРУГ

НВО, иако едноставно, само со полн криг во внатрешноста на О сеуште одзема внимание.
audiЧетирите круга на Ауди на прв поглед потсетува на Олимписките кругови. Тука значењето е што уште три компании се здружени заедно со Ауди, DKV, Horsh и Wanderer.

 



abc

Логото на аbc е дизајнирано од познатиот Пол Ренд, кој го зема кругот како почетна точка. Сите три букви се во круг, а и самите букви се така модифицирани до најможната нивна кружна форма.



thumb-ubuntu-linux

Логото на Убунту е одличен пример за експериментирање со геометриски форми, поточно со кругот со одлична комбинација од бои.




thumb-mastercardМастерКард е исто комбинација од два круга кои навлегуваат еден во друг оставајќи траги во форма на линии.

 




bmwБМВ ги користи националните бои на Баварија, сина, црна и бела. Овде имаме круг поделен со две линии и се добиваат четири парчиња избоени изменично.

 

 

ЕЛИПСА

thumb-fordЛогото на ФОРД е меѓу најпознатите овални или елипсовидни логоа. Дизајнирано во далечната 1907 година. Дури во 1911 е додадено и името со ракописен фонт.



 

thumb-toyotaЛогото на Тојота е одличен пример, како од една иста форма, елипса, која се повторива трипати во три различни големини може да се направи одлично лого. И не само тоа, внатрешните две елипси формираат Т, а надворешната елипса е асоцијација на тоа како се шири глобално.



thumb-kia-motorsИ за крај логото на КИА. Овде елипсата има почовечки фактор бидејќи е нацртана како со темно црвен маркер, на страните се стеснува. Не намерно сите три елиптични логоа се од автомобилската индустрија.

 

 

ТРИАГОЛНИК

thumb-hsbcНајпознато лого кое во целост си има поиграно со триаголникот како форма, негова еднаква репетиција е на HSBC. Лесно за паметење, уште полесно за аплицирање, минималистички едноставно а сепак моќно и функционално.



motorolaЛогото на Моторола иако не сосем форма на триаголник класифицирано тука. Два триаголника со навнатрешно заоблена основа еден до друг ја формираат буквата М. Како две стрелки кои означуваат напредок и прогрес.

 

 

ДИЈАМАНТ

mitsubishi_logoПовторно одличен пример на лого од автомобилската индустрија. Логото на Митсубиши е со со три на еднакво растојание поставени дијаманти. Името е всушност составено од „митсу“ што значи „три“ и „биши“ што е дијамант. Поконцептуално лого од ова и не може да се добие.

 

КВАДРАТ

h_rblockПогледнете ги логоата на H&R Block и на Orange. Сигурно прво ќе си помислите, колку ли овие мулти милионерски компании платиле за овие логоа? Квадрат на бела површина. Само доказ дека понекогаш идејата и изборот на правилната геометриска форма се доволни да брендирате цела компанија.

 

thumb-bbc-british-broadcasting-corporationИли логото на BBC. Трите почетни букви со Џил Санс фонт во бела боја во три црни квадрати. И само толку.

 

 

 

КОМБИНАЦИИ

ctvСигурно непознато лого кај нас, но пример на комбинирано лого од три форми. CTV Канадската телевизија на уникатен начин ги сместила буквите во форми кои одговараат. Брилијантен и едноставен концепт дизајниран уште во 1966.



thumb-hpКомбинација од две форми доволно е да кажам HP и сигурен сум дека ви е јасно. Заоблен правоаголник со исечен круг внатре и првите букви од презимињата на основачите Бил Хјулит и Дејв Пакард.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons