Авг032010

anima_prva
Иако прва асоцијација кога ќе ви спомнат два збора „лого“ и „животно“ ќе помислите на некое здружение за заштита на животните, на зоолошка, ветеринарни станици, производи за животни и сл.
Меѓутоа има неколку најппознати логоа со животни, а кои всушност како компании немаат ништо заедничко со нив. Погледнете

 

КОЊ

ferrari-logoНема потреба да се кажува што е Ферари. Основана од Енѕо Ферари како Скудериа Ферари во 1929 година. Покрај бесните коли е позната и во Формула 1, каде е прилично успешна. Логото на Ферари е црн коњ подигнат на задните нозе, на жолта позадина. Овој коњ во скок е познат како Рампанте Каваљо и е во чест на италијански шампион во летање кој загинал во Првата Светска војна. Сигурно секој би сакал да има нешто вакво на хаубата од својот автомобил.

 

 

 



PorscheЕве уште еден пример на исто животно како лого во автомобилската индустрија. Порше е германски производител на брзи и луксузни автомобили. Логото е поставено на грбот на градот Штутгарт. Првата фабрика е изградена на фарма каде најмногу имало коњи, ете зашто и на амблемот е насликана силуета на коњ. Гранчињата и црвено црните линии се дел од грбот на Кралството Вуртемберг.

 

 

 

ЈАГУАР

JaguarДоволно е само да се прочита зборот и ако продолжиме со истиот редослед, значи повторно автомобили, обојпат Јагуар. Позната марка од Англија, основана од Сер Вилијам Лајонс во 1922. Прв пат логото е употребено во 1935 на моделот СС 100. Јагуар кој е фатен во скок над името на одличен начин го претставува растот, напред, брзината и силата на овие автомобили.

ПУМА

pumaНе, нема автомобил пума, барем не сеуште :), ама сигурно имате барем еден пар патики, тренерки или друга спортска опрема со логото на Пума. Позната спортска германска марка. И приказната верувам ви е позната. Рудолф Даслер со помалиот брат Адолф Даслер ја основале познатата Адидас. Во 1948 Рудолф почнува сам, се одделува од Адидас и ја создава Пума. Логото се појавило во 1949 и до денес се користи со помали измени. Пума или пантер кој скока, кој е моќно и брзо животно. Одлично оди со брзината на атлетичарите и спортистите.

КРОКОДИЛ

The-CrocodileЛакосте е позната компанија за тениски маици, чевли, парфеми, кожна галантерија, часовници и многу други производи. Основана во 1933 од тенисерот Рене Лакосте. Рене добил надимак „крокодил“ откако добил на опклада со капитенот тимот на Францускиот Дејвис Куп. Капитенот му ветил дека ќе му купи куфер од крокодисла кожа ако освои одреден меч.

ПТИЦА

twitter

 

Најпозната птица во социјалните мрежи и воопшто на интернет е Твитер. Нема да зборуваме за тоа што е Твитер, сигурен сум дека сте корисници. Се појави во 2006та година и е изум на Џек Дорси. Инаку логото е купено за само 7 долари од iStockphoto. Името и е Оли и е маскота на многу твитер апликации.

 


ЛИСИЦА

The-Fox

 

Повеќето од вас сигурно го читаат ова преку прелистувачот Фајрфокс. Втор по користење после Интернет Експлорер и постојано со раст на популарноста. Иконката и логото веќе го знаете. Портокалова лисица која кружи околу планетата. Симбол за што се залафа и Мозила, брзина, флексибилност, стабилност.

 

ЛИЛЈАК

BacardiБакарди е добро позната фирма за алкохолни пијалоци, ликер и посебно рум. Годишно продава 200 милиони шишиња во над 100 земји. Седиштето е во Хамилтон, на Бермудите и произведува чист рум со уникатен вкус.
Ако не сте забележале досега, логото е лилјак. Еве како настанало. Во 1862 Факундо Бакарди изнајмил простории за дестилирање во Сантијаго. Тука испробувал разни методи, како да го прочисти шеќер и ликер во бел рум. Лилјаците се нешто што гледал секој ден, бидејќи биле на таванот. Инаку во Куба лилјаците се смета дека носат среќа.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons