Авг112010

prrva
Во Македонија на прсти можат да се избројат оние компании кои навистина вложиле и понатаму инвестираат во развојот на нивниот бренд идентитет. И ретките исклучоци повеќето се странски или македонски ребрендирани. Сеуште има компании и тоа големи кои немаат никакви правила за користење на нивното лого на пример, немаат уникатни бои, во различни случаи различно се рекламираат, не постои водич на нивниот бренд итн. Во некоја наредна статија повеќе за најголемите и најбогатите брендови ви Македонија и критички осврт, а сега грешките што во старт се прават.

 

1. Моќта на брендот

Ниту еден голем бренд не банкротирал поради неговото лого. Многу големи фирми ја занемаруваат важноста на корпоративниот идентитет и секогаш одвојуваат најмалку средства за тоа.

2. Американците велат „ако плаќаш во кикирики ќе добиеш мајмуни“ или по нашки „колку пари толку музика“

Јасно дека не сите компании, посебно ново создадените се во можност да одвојат големи средства за брендирање на идентитет. Но, обично советите се бесплатни и најдобар совет да почнете едно по едно. Нека биде лого, па принтани материјали, па веб итн. Како се развива вашата компанија така нека се развива и вашиот бренд. Верувајте дека има огромна разлика ако некој ви направи комплетен дизајн за 150 евра и од оној за 1500 евра.

3. Инвестирање

Не инвестирањето во развојот на вашиот бренд може да заврши со застарена веб страна, застарени брошури и сл. Трендовите во дизајнот се менуваат постојано и само со уникатни и креативни решенија може да се остане рамноправен на денешниот пазар.
Повеќето бизнисмени кои почнале со реченицата „ знам еден кој ми должи услуга...“ завршуваат неславно и со лоши дизајни.

4. Генералниот директор не мора да е и добар дизајнер

Одлучувањето на повеќе луѓе на пример за бојата на насловна од брошура на пример, може само до доведе до катастрофа. Ниту еден дизајнер не може да задоволи желби на петмина различни карактери. Секоја компанија мора да има назначено еден до двајца максимум кои ќе бидат задолжени за целокупниот бренд идентитет.

5. Лого не е доволно за бренд идентитет

Без разлика колку и добро лого да имате тоа не значи дека е доволно за вашиот бренд. Во брендирање спаѓа и дизајн на шољи за кафе, дизајн на службени возила, дизајн на подлога за мауси и што ли уште не. Колку повеќе добриот бренд дизајн е инкорпориран толку повеќе ќе ви врати. Со тоа само се етаблирате како професионална фирма со стандарди во работата.

Подолу е само еден одличен пример што треба да значи и што се подразбира бренд идентитет на една врвна компанија, а тука повеќе примери од претходен пост

Corporate__Brand_Identity1

Corporate__Brand_Identity2

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons