Авг092010

Nike-logos
Многу пати до сега сум пишувал за тоа колку е важно логото за секој бренд идентитет. Овој пат ќе ги погледнеме најпознатите бренд логоа и нивните дизајнери. Ќе погледнеме и како се развивале логоата, од инспирација, првичен драфт до финален избор. Ќе се изненадите колку од логоата се истите од самиот почеток, со мали измени.

 

ГУГЛ

Првото компјутеризирано лого на Гугл е дизајнирано од еден од основачот Сергеј Брин во 1998 користејќи го бесплатниот програм ГИМП. Подоцна е додаден извичник, имитирајќи го во тоа време опонентот број еден Јаху. Редизајнот подоцна го има направено Рут Кедар. Она што е интересно а и сигурно го имате забележано се различните верзии на логото кои ги има на првата страна за разни пригоди, фестивали, празници и сл. Тие прв пат ги има започнато Денис Хуанг.

Инаку Рут Кедар била професорка по дизајн на Стенфорд Универзитетот и во 1999 ги запознала Лери и Сергеј преку заеднички пријател. Ја замолиле да нацрта нешто да биде во согласнот со нивните идеи и развојот на Гугл, и тоа е она што го имаат до ден денес. Фонтот е базиран врз Катул, стар серифен фонт.

google1

ЕПЛ

Првото лого на Епл било дизајнирано од Роналд Вејн и самиот Стив Џобс. Идејата на Стив била Њутон под дрво со јаболко во раце. Подоцна Роб Џеноф го има дизајнирано шареното јаболко како одгризано од едната страна. Има неколку теории зошто баш јаболкото да е изедено од едната страна. Најпозната е онаа дека е во чест на математичарот Алан Туринг, кој извршил самоубиство откако изел јаболко наполането со цијанид. Сега компанијата го користи монохроматската верзија и таа со металик сенки.

Apple-logo

ФЕДЕКС

Човекот позади легендарното лого на Федекс е Линдон Лидер. Логото има добиено преку преку 40 награди за дизајн низ целиот свет. Рангирано е како осмо најдобро дизајнирано лого во последните 50 години.

FedEx-logo

ФАЈРФОКС

Денешното лого на Фајрфокс е заслуга на повеќемина. Првичниот скеч е направен од Стивен Дерочес. Подоцна рендерирано од Џон Хикс во Фајфворкс. Инспирација подоцна на Даниел Бурка е од една Библија за деца.

Firefox-logos

firefox-inspiration

ЈАХУ

Првото лого на Јаху, кое многумина сигурно не го виделе е на Дејвид Шен, седумнаесетиот по ред вработен во Јаху. Подоцна е ангажирана дизајн агенција. Проектот го водел Кевин Фернам. Го одбрале Абл фонтот и да биде хоризонтално. Инаку Yahoo е скратеница од Yet Another Hierarchical Officious Oracle.

Yahoo-Logos

КОКА КОЛА

Можеби најпознатото лого во светот е дело на Френк Месон Робинсон во 1885. Ракописниот фонт е познат како Спенсер скрипт и е развиен во средината на 19ти век. Од 1887 до денес има претпрено многу мали и незначителни измени.

Coca-cola-logo

НАЈК

Логото на Најк е дизајнирано од тогашниот студент по дизајн Керолин Дејвидсон во 1971 во Портланд. Тогаш како студент фриленсер наплаќала по 2 долари од час, и заедно со логото предала и факура на 35 долари. Во 1983 е наградено со диајамантско лого од нејзината креација како благодарност од компанијата Најк. Подолу е првиот скеч на логото, а насловната слика на овој пост е како се развивало самото лого низ годините.

Nike-Sketch

МЕКДОНАЛДС

Познатиот ланец за брза храна го има дефинитвно најпознатато лого во таа област. Дизајнирано од Џим Шиндлер во 1962. Името е додадено четири години подоцна. Инаку краците во форма на М биле затоа што првиот ресторан имал форма на крак, и подоцна се споени за да формираат М.

McDonald

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons