Сеп012010

logo-fail-clinica-dental
За дизајн на логоа сум пишувал повеќе пати. Овој пат малку повеќе за грешките кои се прават, посебно кај нас од аматери и непрофесионални дизајн агенции. Доволно е само да излезете и насекаде околу вас сте бомбардирани од лоши логоа, за кои не би ни можело да се каже дека се дизајнирани, туку лоша слика или клип арт само залепени, заедно со несоодветен фонт и мислат дека завршиле работа. Се прават многу грешки, не само кај нас насекаде, како пример погледенте ја горната слика и се ќе ви стане јасно. Ова се 5 најголеми грешки кои постојано се прават.

ТИПОГРАФИЈА

Типографијата игра многу важна улога во дизајнот на логоа, посебно во типографските логоа. Изборот на добар и адекватен фонт е еднакво на 50 % завршена работа. Затоа и треба да се посвети доста време на барање на соодветен фонт низ вашата колекција или на интернет. Голема грешка која ја прават многу дизајнери е мешањето на повеќе од два фонта. Идеално би било кога би бил само една фамилија, болд, италик и сл. И втора грешка е не знаењето за кој медиум се дизајнира, дали принт, веб или и двата. Не секогаш лого за на веб изгледа добро испринтано.

logodesignmistakes_0000_Shape3

КОРИСТЕЊЕ КЛИП АРТ

Копирање на готово лого, лого од некој шаблон или едноставно лепење само на името на компанијата под некој клип арт е знак дека дизајнерот е мрзлив непрофесионалец. Ваквото лого изгледа евтино, клише користено безброј пати, ни малку профеисонално, како нацртано од мало дете.

logodesignmistakes_0004_VectorSmartObject

БЕЗ ЦРНО БЕЛА ВАРИЈАНТА

Секое лого мора да изгледа исто толку добро црно бело како и во боја. Голема грешка која ја прават почетници кога на клиентот ќе предадат само лого во боја. Потоа кога тој истото ќе го прати на пример во некој дневен весник и ако само автоматски е претворено во црно бело може да изгледа како една црна дамка. Освен ова логото покрај во CMYK мора да го предадете и во пантонски бои и RGB. Во некој нареден пост за тоа како треба да се предаде финално лого на клиент.

logodesignmistakes_0005_Shape1

ДИЗАЈНИРАЊЕ ЛОГО ВО ФОТОШОП

Ова и до ден денес го забележувам кај некои дизајнери. Непишано правило и стандард е дизајн на лого да се прави во векторски програми, Илустратор, Корел...а не во Фотошоп кој е растер. Секогаш логото мора да може да се зголемува до бесконечност без да изгуби на квалитет.

СЛОЖЕНО И НАТРУПАНО

Ако се прашувам јас, клуч за успешно лого е едноставноста и минимализмот. Кај дизајнот на лого е важна креативната идеја, понекогаш и една точка може да понесе товар на една цела приказна и симболика. Оваа грешка ја прават графички дизајнери на кои не им е специјалност дизајнот на логоа. Го натрупуваат логото без потребно со елементи, ефекти, бои, градиенти, фонтови...и на крај логото никој не може да сфати што значи, што претставува, која е идејата и целта.

logodesignmistakes_0001_Shape2

Подолу погледнете неколку логоа кои (не)намерно имаат погрешна „скриенa“ порака Smile

logo-fai-computer-doctors

logo-fail-arlington-pediatric2

logo-fail-a-style

logo-fail-catholic-priest

logo-fail-china-restaurant

logo-fail-kudawara

logo-fail-mont-sat

logo-fail-ogc

Вториот дел од овој пост ќе биде исклучиво за логоа на македонски компании. Доколку сакате да допринесете слободно пратете слика или линк од некое лого кое сте го забележале на danijanev@gmail.com.

коментари (1)add comment

emilija said:

0
...
hahhahahhahhahhahha smilies/grin.gif kraj...................talenti
октомври 04, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy
Copyright 2014. Powered by danijanev.com