Ное022010

city_logos
Да се дизајнира лого на еден град не е ни малку лесна работа. Кога се работи на нешто такво мора да имаме в предвид дека за разлика од логоата на компании, градско или општинско лого во себе мора да содржи културолошка позадина, на повеќе нивоа, од политичко, социјално, економско и слично. Затоа овде процесот на истражување и запознавање со историјата на еден град треба и мора да биде многу по сеопфатен.

Многу често денешните логоа влечат корени уште од хералдичкото минато на градовите. Инаку хералдика е наука за грбовите. Секој елемент на грбот или логото е симбол по што одреден град е познат. Она што во поново време може да се забележи дека се повеќе градови излегуваат од типичниот шаблон и дизајнираат модерни современи логоа, без никаква или многу мала сличност со старите грбови на градовите.

01-montreal-canada

02-london-uk

03-lisbon-portugal

04-melbourne-australia

06-berlin-germany

09-venice-italy

11-stuttgart-germany

14-dublin-ireland

15-amsterdam-holland

21-prague-czech-republic

08-hamilton-canada

16-stockholm-sweden

Каде се македонските општини и градови во целата приказна?

Додека го пишував ова ги прегледував и логоата на нашите општини. Одамна не сум видел толку лоши дизајни на едно место. Од вкупно 84 општини во Македонија, 99% проценти имаат грбови кои не ни заслужуваат да се користи терминот „дизајнирани“. Надвор од секакви правила и норми, од обични црно бели слики до метални бои и градиенти. Пробајте да го побарате грбот на некоја општина векторско, ќе ви пратат во најголемата резолуција што го имаат, 100 х 50 пиксели :) Исто така, за една општина можно е да се најдат неколку грбови, а никаде не стои кој е последен и официјален.
Благодарност до Борис Ристовски ака @twibi, за адресарот на општини.

Погледнете какви се грбови имаат некои наши општини:

100px-uer_Sandevo_grb_so_boi

Грбот на Чучер-Сандево

527px-Krushevski_grb

Грбот на Крушево

Grb_aerodrom

Грбот на Општина Аеродром

Grb-kratovo

Грбот на Кратово

MMCAShtip

Грбот на Штип

MMCAGazi_Baba

Грбот на Општина Гази Баба

GRB_1

Општина Битола

MMCA_Kumanovo

Општина Куманово

Grb-saraj

Општина Сарај

Оние ретки неколку кои се одвојуваат од поголемиот број се:

330px-Flag_Kavadarci_MK

Грбот на Општина Кавадарци.
Одличен минималистички пристап, и претставува симбол на цел тиквешки регион.

MMCAKarposh

Грбот на Општина Карпош.
Многу подобро би било без градиенти и метални бои, чисто векторско.

Strumica_grb

Грбот на Општина Струмица.
Типичен грб, во две бои и 4 симболи на градот. Сосем солидно.

Бонус:
Погледнете како изгледаат јапонските градски логоа

 

Fujiyoshida

Фуџијошида

Hokaido

Хокаидо

Karatsu

Карацу

Kagoshima

Кагошима

коментари (10)add comment

Filip said:

0
...
Малку е неблагодарно да се споредуваат нашите општини со градови како Мелбурн, Берлин и Лондон. Тие градови имаат буџет колку цела наша држава, а голем дел од нашите општини немаат пари за основни средства, камоли да плаќаат дизајнерски услуги за лого на општината.
ноември 02, 2010

Виктор said:

0
...
Можеби треба да се дизајнираат нови логоа на градовите?
ноември 02, 2010

janev said:

0
...
Филип, до некаде се слагам со тебе. Точно дека нашите општини немаат големи буџети, посебно руралните и помалите општини, ама мора да се има приоритети. Наместо да се менува канцеларискиот стол и биро на секретарката на градоначалникот нека објави конкурс за нов грб. Тоа е инвестиција што десеткратно се враќа, и не е нешто што се обновува секоја година.
Или уште подобро, ова нека се огранизира на уште повисока инстанца http://www.zels.org.mk/ ЗЕЛС да има додели средства и да им наложи сите да имаат унифицирани дизајни, кога ќе се погледнат да бидат една целина, да се знае дека сите се од Македонија. Тоа не е многу работа ама кај нас додека некој не види сопствена корост од нешто не го нит покренува.
ноември 02, 2010

Eli said:

0
...
Добар и сеопфатен пост, браво
Е, кога нашиве градови ќе имаат вакви логоа ?!
ноември 02, 2010

Dragan said:

0
...
Интересна споредба, на светот и Македонија. Добро е да ја знаеме.
Кога се избираше логото (грбот - тоа е официјалниот грб кој се наоѓа и на градското знаме) на Општина Куманово постоеше конкурс на кој учествуваа повеќе автори на идејни решенија. Советот на општината го избра онаа за кое сметаше дека е најприкладно. Во овој случај на професор Зоран Јакимовски (беше и Декан на Факултетот за уметност). Мислам дека беше пред 10 и повеќе години. Сигурно постои процедура, начин и одредена законска рамка за надлежности во оваа подрачје. Тој грб се наоѓа на градските службени гласила, на печатите, на знамињата... Можеби ќе се доведеме во ситуација со секоја промена на локална власт да се менуваат и градските симболи, печати, меморандуми, гласила, знамиња... Сепак сеуште улиците ни се со дупки, училиштата имаат проблеми со греење, водоснабдувањето со чиста и здрава вода не е решено, излевањето на реките, канализацијата, локалниот подршка на економскиот развој е никаква...
ноември 02, 2010

Михајло said:

0
...
Филип - мислам дека е до креативноста сепак не до буџетот, нели, тука едно професионално лого како погоре наведените на Мебурн и др. вреди мн помалку во нашата држава. Башка, степенот на развојот не е битен, кога во случајот се бара минималистичку чист пристап и претстава а нашиве натрупуваат што ке стигнат затоа што е знаат како да средат еден дизајн и ставаат се што мислат дека е претставително.
ноември 11, 2010

битолчанец said:

0
...
Интересно е што си го сместил грбот на Битола во лошите, како демек не чини, а всушност Битола и Кочани се единствените општини со хералдички грб во државава!
ноември 30, 2010

janev said:

0
...
@битолчанец
Не само Битола и Кочани, има и други хералдички грбови кај нас, ама тоа не значи дека се и добро дизајнирани. Само да се следат законите на хералдиката не е доволно. Треба да има идеја и приказна позади себе, тоа е пред се симбол на општина.
ноември 30, 2010

Мирослав said:

0
...
Новите логоа мене искрено не ми се допаѓаат, за разлика од старите. Иначе за нашиве се смешки ) Мене ми се допаѓа столната лампа на градот Штип smilies/smiley.gif Ова од Кавадарци ми личи како да е знаменце за на работна маса.
март 18, 2011

aleksandar said:

0
...
od Kumanovo e "zakon"
септември 07, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons