Фев012011

prva_logo
Логоата не бомбардираат секојдневно и се насекаде околу нас. Според едно истражување просечен американец гледа по 16,000 логоа секој ден. Да да, добро прочитавте, нема грешка во нулите. Не верувате, еве еден мал екперимент, без да станете од столчето и додека го читате ова погледнете наоколу и избројте колку логоа гледате. Почнете од себе, облека, чевли, мобилен, техника, компјутери, додатоци...еве пример јас за помалку од 5 минути, вклучувајќи го тука и фотографирањето избројав 33 логоа ! Сигурно и вие сте околу оваа цифра, а можеби и повеќе, се зависи кое е вашето работно место. Ова се помножува по десетици пати ако излезете надвор, прелистате некое списание, или само замислете ако влезете во голем шопинг центар.

1

2

3

4

6

7

8

9

10

11

12

13

16

17

18

19

20

21

22

23

25

27

28

29

30

31

32

33

34

35

36

37

Се извинувам за квалитетот на фотографиите, меѓутоа не се дополнително обработени, туку само набрзина сликнати со мобилен.


Поради тој огромен број, сакале или не, некои логоа си личат меѓусебно. Нормално компаниите сакаат да се издвојат од масата и да бидат препознатливи и уникатни. Тоа најдобро, според некои и најлесно се постигнува преку логото. Ова е предизвик повеќе за дизајнерите да дизајнираат лого со кое компанијата ќе изгради свој визуелен бренд. Правилното и успешно брендирање на една компанија значи и зголемен профит, препознатливост, одличен однос со клиентите, со еден збор да изгради долгорочен статус во едно општество, држава или пошироко во светски рамки.

Брендот не е печат, но треба да остави впечаток.

Како што сите ние имаме лична карта така и компаниите не можат без свој идентитет. Колку посилен бренд идентитет толку поголема препознатливост меѓу луѓето. Ако ви кажам Кока Кола, на што прво помислувате? Сигурен сум дека 99 проценти од вас прво им дошло пред очи добро познатото лого.

koka

Kомпанија без лого е како човек без лице.

За да вашиот бренд биде препознатлив и надвор од местото на формирање, мора да имате лого кое зборува на сите јазици. Овде не мислам на името на фирмата да ви биде преведено на сите светски јазици. Не, напротив, вашиот симбол т.е. лого мора да ја задржи својата унифицираност насекаде, а сепак да нема заблуди. Еве на пример Apple. Зборот не е преведен во ниту една земја, туку за луѓето е доволно само да го видат гризнатото бело јаболко и да знаат која е таа компанија и каков статус има изградено во светот.

Shining-Apple-Logo-759135

Дизајнерите прават лого, но компаниите градат бренд.

Сигурно сте се нашле во ситуација, барем ако имате артистички дух во себе, да оцените книга по корицата, или музички албум по омотот...да, не е правилно, но тоа е дека доказ дека многу работи ние оценуваме на прв поглед. Ако еден ист визуелен идентитет го гледаме, или уште подобро често користиме, тоа креира една врска на доверба и ние автоматски придаваме одредени епитети и значења. Понекогаш таа наша врска силно и ја „браниме“. Се сеќавате не неуспешното ребрендирање на GAP каде всушност потрошувачите беа против и главен фактор да не се смени логото.

highlighting-important-stuff


Елементи на добар бренд идентитет:

 

Keep it simple

Сигурно многу пати сте ја чуле оваа изрека. Посебно е важна во дизајнот, а најповеќе во дизајнот на логоа. Едноставно лого најлесно се памти. Едноставен дизајн се аплицира без никаков проблем на секаков вид медиум, дали е визитка, билбоард, веб страна, привезок за клучеви...се едно.

ТАРГЕТ

Секое лого мора да одговара и соодвејствува со компанијата. Ако дизајнирате за адвокат на пример, веднаш елимирате шарени бои, ако дизајнирате за организација која се бори против ракот, нема да ставите смајли...итн. сигурно ја сфаќате поентата. Јасно мора да се знае вашиот клиент, неговите клиенти, услугите, неговите конкуренти...затоа прво се прави истражување што може да трае и по десетина дена во зависност од големината на компанијата, се со цел да си ја олесните работата понатаму, а и да сте сигурни дека клиентот ќе се задоволен.
Секогаш од ова има исклучоци се разбира, кои одлично си ја вршат работата. Помислете на пример на логото на Ауди. Дали веднаш го поврзувате со автомобили, индустрија и сл?

audi-logo

ТРАДИЦИЈА

Кога станува збор за дизајн на лого и бренд идентитет, најдобро е трендовите да ги оставиме на модата и облеката. Трендовите се менуваат секоја сезона, а логото не може (и не треба) да го менувате секоја година. Посебно треба да се внимава при дизајн на лого на некоја компанија со неколку децениско, па и вековно постоење. Сите клучни фази во една таква компанија мора да ги земете в предвид.

ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ

Најлесно да видите дали вашето лого е препознатливо и се издвојува, е заедно со оние на конкуренцијата да ги покажете на неколку луѓе кои не ги знаете, по можност да не го виделе вашето лого претходно и уште подобро да не се разбираат во дизајн. Ако токму од тие десетина логоа да речеме, сите го издвојат токму вашето, тогаш сте ја постигнале целта и сте сигурни дека има уникатно лого.

КРЕАТУРА МИНИЈАТУРА

Пред да започнете секогаш размислувајте во една боја и минијатурно. Да, скоро секое лого одлично се гледа на билборд, но не секое може да аплицира на патент или етикета на маица. Овде едноставноста е во корелација со минијатурното. Многу е тешко е да се аплицира сложено лого, на усб стик на пример. Логото треба да изгледа исто и ако е 1 цм. Еве на пример, скоро сите спортски логоа се едноставни и претставуваат симбол кој лесно се аплицира на било каков материјал.

developing-sketches

И за крај. Правилата се направени за да се кршат. Да, ако се држите до нив вие сигурно ќе имате препознатливи и познати логоа во вашето портфолио. Но, нели секогаш сакаме нешто ново, и не секогаш да одиме по правила. Дали крајниот резултат е успешен секогаш ќе е предмет на дискусија, но повеќе и побрзо ќе научите на сопствените грешки отколку на туѓи.

make-and-break-rules

Подолу е листата на најпознатите брендови за 2010-та година, нивните логоа, земја на потекло, индустрија и профит.

Best_Global_Brands

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons