Фев232011

PRVA
Сигурно повеќето веќе забележавте, од вчера ДЕЗЕН.мк е со ново лого. Чисто типографско и во стилот на традиционалните дезени и везови. Мала симулациија на зашиени карактери која ја добив како идеја работејќи на сосем друг проект. Она што е најинтересно е што логото е направено за 5 минути и секој почетник во Илустратор може лесно да го научи и користи истиот ефект а да добие векторски производ. Доказ повеќе дека на прво место е идејата, посебно кај дизајнот на логоа. Ќе се обидам тоа да го направам со повеќе слики, а помалку текст.

Време на изработка: 5-15 минути
Потребен софтвер: Adobe Illustrator (не постара верзија од CS2)
Ниво на познавање: Почетничко

1. На нов документ пишуваме текст, по ваша желба. Во овој случај напишав варијација на „лого“, да не биде пак ДЕЗЕН, со фонтот Red October кој може да го симнете бесплатно и има мк поддршка.

1

2. За полесна манипуалција веднаш конвертирајте го во криви. Десен клик Create Outlines или Shift+Ctrl+O.

2

3. Отворете го Appearance панелот од менито Window > Appearance. Додајте нов Fill преку иконката долу или fly-out менито горе. Изберете боја по избор, во овој случај ја избрав темно црвена со следниве RGB вредности бидејќи го правиме за на веб.

3

4. На истиот начин додадете и Stroke со дебелина од 10 points повлечете го да биде под Fill-ot.

4

5. Додадете уште еден Stroke овојпат со 1 points со Dashed Line од 2 pt и светло сивкаста боја.

5

6. Сега последниот Stroke ќе го повлечеме навнатре со помош на Path > Offset Path од менито Add New Effect. Само внесете -3 px кај Offset.

6

7

7. На истиот начин додадете уште еден Stroke, бела боја 1 pt и Offset од 2 px. Ова ќе го искористиме како ефект на шиење со конец. Ако сте следеле добро треба да имате ваква слика до сега.

8

8. Од Add New Effect прво аплицирајте Effect > Distort and Transform > Roughen со параметрите како на сликата. Со ова додаваме екстра Anchor Points. Внимавајте пред да одберете од менито секогаш да е селектиран точниот Stroke.

9

9. Сега ја повторуваме истата постапка само што бираме Zig Zag како ефект со следниве параметри. Но, слободно може да екпериментирате со вредностите и со тоа да ја видите разликата во број и сегменти на Zig Zag или дали да биде под остри агли или заоблен.

10

10. На крај треба да добиете нешто слично како ова.

11

Може слободно да го менувате распоредот на секој елемент поединечно се со цел за пореалистичен ефект, како во примерот

12

Oставам на вас и понатаму да експериментирате и повеќе, со поголем број и различни бои на Fills и Strokes, се со цел да ја видите моќта на Appearance панелот, па на крај пофалете се со своето ремек дело Wink

 

Сигурно повеќето веќе забележавте, од вчера ДЕЗЕН.мк е со ново

лого. Чисто типографско и во стилот на традиционалните дезени

и везови. Мала симулациија на зашиени карактери која ја добив

како идеја работејќи на сосем друг проект. Она што е

најинтересно е што логото е направено за 5 минути и секој

почетник во Илустратор може лесно да го научи и користи истиот

ефект. Доказ повеќе дека на прво место е идејата, посебно кај

дизајнот на логоа. Ќе се обидам тоа да го направам со повеќе

слики а помалку текст.

коментари (4)add comment

Иван said:

0
...
Супер е одлично, првпат коментирам но редовно те читам smilies/smiley.gif Искрено старото лого повеќе ме бендисуваше стилот ми се допаѓаше, а времето е кратко за кое си го работел но супер изгегло! Али ја би рекол дека ова е еден ре-дизајн на лого како GAP. Ајде ајде можеш подобро...smilies/smiley.gif
февруари 23, 2011

janev said:

0
...
Фала Иван, продолжи и понатаму да читаш дезен.мк smilies/wink.gif
Да бидам искрен и мене старото ми беше сосем ок, но ова го направив најмногу за да се освежи блогот после пола година и да се види дека за дизајн на лого прво треба идеја, и дека самиот процес може да биде многу брз. Но, уште е ново „треба да легне“ времето ќе покаже smilies/smiley.gif а и можеби после 6 месеци или година пак ќе го редизајнираме, како што кажа „секогаш може подобро и подобро“
февруари 23, 2011

Тапшанов said:

0
...
Момци топ ви е све! Од лого до концепт на сајт,што туку добивте нов редовен посетител! Поздрав од www.itstapsanov.com - прв уметнички портал во Македонија
март 31, 2011

janev said:

0
...
Фала smilies/smiley.gif баш вакви коментари се поттик повеќе за понатаму. патем открив и јас нова страница т.е уметнички портал за кој еве не знаев. кип ап да гуд ворк smilies/smiley.gif
март 31, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons