Мај042011

prvaworld-has-so-much-creativity
5 совети за сите лого дизајнери кои сметам дека се од огромно значење да ги знаете и применувате во вашата работа и креативниот процес.

1. Скечирање, скечирање, скечирање...

Никогаш доста од скечирање. Прв и можеби најважен чекор. После добиениот бриф од клиентот, ги собирате одговорите, вадите клучни зборови и елементи кои ги сака и врз база на тоа скечирате. Нема некое правило колку време би требало да скечирате, може идејата да ви дојде за неколку часа, а некогаш ми требале и неколку недели. Само кога сте задоволни и имате неколку драфта може да продолжите понатаму. Никогаш, дури и во најитни ситуации и кратки рокови не почнувајте со дизајн на лого веднаш на компјутер.

my_initial_logo_sketches_by_danijanev-d3ajbug

2. Keep it simple

Неколку пати го имам спомнато ова во различни постови и пак ќе го кажам. Секогаш трудете се логото да биде едноставно. Само таквото лого полесно се памти и влага во меморија. Кога дизајнирате не мислите уште што да се додаде на првичниот драфт, туку што да се одземе. Натрупано лого со елементи и форми, во безброј бои и неколку фонтови и најлошата можна комбинација. Една добра вежба што ја практикував порано е баш таквите примероци од сложени логоа да ги поедноставувам. Имате доволно македонски примери за тоа, и верувајте ми помага во тоа да размислувате минималистички. Кога веќе сме кај минимализмот, најдобро почнувајте со црно-бел дизајн, во првите концепти не употребувајте бои.

designing-mind-map

3. Вклучете го клиентот

На секој ваш драфт или варијација на лого, барајте фидбек од клиентот. Вклучувајќи го него во креативниот процес имате win win ситуација. Истовремено знаете во кои насоки да (не) се движите и имате помалку неодобрени драфтови. И клиентот повеќе ве цени што е дел од процесот на одобрување и критики. Верувајте ми така полесно се стигнува до финално лого.

lb-image-2

4. Не споредувајте се со други дизајнери

Галериите со логоа и сајтовите за инспирација се преполни со најразлични логоа. Многу од тие логоа не се за вистински клиенти, туку чисто да се види креативноста на дизајнерот и подобро портфолио. Слободно разгледувајте низ таквите страни, но само за дополнителна инспирација, ништо повеќе, идејата треба да биде само ваша. Да, се случува и целосно ваша уникатна идеја да ја видите после извесно време, некој да има направено нешто слично порано. Шансите за вакво нешто, посебно во дизајнот на логоа се големи, има милиони дизајнери низ светот, ова не значи веднаш да се споредувате со дизајнерот или уште помалку напаѓате.

Be-Confident

5. Презентација

Самата презентација на било каков дизајн може да биде одлучувачка при изборот на клиентот. Ова важи и за лого дизајнот. Размислувајте како клиент. Тој сака да види реалистичен приказ, како тоа би изгледало, а не само логото залепено на бела површина. Пример ако логото е за веб, направете монтажа како би изгледало на веб страната на клиентот. Исто како што ако правите етикета, ќе ја „залепите“ на амбалажа, или иконка за некоја апликација како би изгледала на некој смартфон итн. Дури сум имал случаеви кога клиентот откако ќе го види логото како би изгледало на визит карта да побара и дизајн на визит карта. Одвојте време за монтажи и добра презентација, може само да добиете со тоа.
Ќе следува и посебен пост каде целосно ќе дадам опис како се презентира и праќа лого, по правила и стандарди, со сите варијанти, варијации и низ конкретни примери.

коментари (1)add comment

Faya said:

0
...
i jas znam ushte edno dobro pravilo "napravi taka, za klientot treba da vidi logo, da saka toe i da misli za nego" )
јануари 14, 2012

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons