Јун142011

logowordle
Сигурно гледајќи по неколку десетици логоа дневно забележувате сличност помеѓу нив во смисла на тоа од колку букви е составено, која е примарна боја и сл. На повеќе е една кратка анализа и интересна статистика за 50-те најпознати брендови и нивните логоа во светот денес.

името не е поврзано со она што е брендот 94%

логото нема слоган 90%

фонтот е чист и јасен 84%

логото има само една боја 74%

логото е типографско без симбол 74%

логото е акроним 72%

логото има правоаголна форма 66%

логото има само еден збор 62%

логото оди заедно со симболот ТМ 54%

името има само 6 или помалку букви 52%

логото има големи и мали букви 44%

позадина е еднобојна 52%

името е само од три или помалку самогласки 44%

основна боја е сината 40%

gdb-image-12

Статистикава не треба да се сфаќа како рецепт за успех туку само како уште еден аспект во финалниот ваш дизајн на лого.

За еден нов бизнис, дизајнот на лого треба да важен момент. Тоа може да биде фактор за тоа дали ќе имате успешен старт. Голема грешка прават бизнисмените, посебно македонските е што премногу се врзуваат и она што тие сакаат мислат дека е и најдобро решение. Не слушаат совети од дизајнери, туку мислат дека тие знаат најдобро за компанијата. Не разбираат дека нивното лого и целокупниот бренд не треба само ним да им се допаѓа, многу поважно е клиентите да имаат позитивна слика.

Подолу е листата на ТОП 50 брендови во светот

Best_Global_Brands2

во тек е изработка на слична статистика на најголемите македонски брендови.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons