Фев182016

cover


Иако Олимписките игри оваа година во Рио се за само неколку месеци, Меѓународниот Олимписки Комитет уште сега активно работи на кандидатурите на градовите номинирани за 2024та. Aко не сте ја прочитале, повелете рецензија на логото на Рио

До сега сите градови (Лос Анџелес, Будимпешта, Париз и Рим) ги објавија првичните логоа и еве на кратко за сите нив.

Први своето лого го објавија Париз, симболично во 20.24 со проекција на Триумфалната Порта.
На прв поглед, делува стерилно со веќе видени ефекти на превиткана хартија и колоритен градиент. Но, на втор поглед се крие Ајфеловата кула креирана од двете цифри, 2 и 4, што е на еден суптилен и креативен начин ги потенцира и олимписката година, и она по што сите во светот го препознаваат Париз. Лого за кое се најголеми шансите да остане исто дури и ако се одбере Париз како домаќин за Летните Олимписки Игри.
Ако Париз биде одбран како домаќин, ќе означи и 100 годишен јубилеј од Париз 1924та.

paris

Темата позади логото на Рим е „Италијанската уметност на добредојде“. Фокусот и овојпат е ставен на еден од градските најпознати симболи, Колосеумот во Рим, завиткан во боите на италијанското знаме. Сенките даваат полу 3Д форма која е доволно нагласена, но има потенцијал да се доработи со перфекција. Она на што сигурно исто мора да се поработи во иднина е типографијата, бојата и изборот на фонт. 

romeЛос Анџелес е градот со можеби најчудното лого. Без приказната позади изгледа како корица на евтин fan fiction fantasy роман или искористен клипарт од Word. Мотото им е „Следи го сонцето“ чии зраци се излегуваат од ангел, симболот на градот. И за крај слоганот „иднината може да биде каква што ние сакаме“ е едноставно too much, барем во оваа фаза.  
Фонтот е футуристички и многу повеќе би одговарал за Gaming Tournaments пример. Ако градот биде одбран ќе биде точно 40 години од последните игри во тој град, 1984та.

LAЗа крај, најневпечатливото, она на Будимпешта. Најмалиот град од сите кандидати кој со неколку бранови во боите на знамето, зелена, бела и црвена, кои не се ништо различни од било кој сличен вектор сток фајл, не е јасно што сака да (по)каже.
Фонтот со благ градиент, и кернингот се непрофесионално изработени.

budaИмајте в предвид дека ова се првични логоа, и според правилниот на Комитетот измени се дозволени, и штом имам официјални логоа и целосни брендирање, ќе напишам и поопширна рецензија.

За било каква дискусија или ваш фаворит слободно пишете во коментарите подолу.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons