Мај232010

2

Во изминативе 4-5 години колку што активно дизајнирам логоа, се сменети многу трендови, воведени нови техники и стилови, нови ефекти...секогаш со излегувањето на нова верзија на векторски софтвер доаѓаат и нови алатки.
Секојдневното прегледување на логоа, понекогаш и над 100 дневно, создава јасна слика за новите трендови и стилови.
Текстот се повеќе станува важен фактор сам по себе во креирањето на нов корпоративен идентитет. Дизајнерите а и клиентите сакаат пораките да бидат подиректно пренесени, со инкорпорирањето на зборови и имиња директно во типографијата. Се појавија логоа кои се повеќе информација отколку дизајн.
Еве неколку од нив кои се прилично нови или понапредна верзија од веќе добро етаблиран стил.


Нео Кубизам
Како што Пикасо и Брак го откриле кубизмот, така денес во 21 виот век дизајнерите го менуваат стилот според потребите, во овој случај при дизајнот на логоа. Доста атрактивни и пријатни за човечкото око, обично во спектрум или тинт од една боја.

 

art_logotrends_cubist

 

Спори
Одлични за 3Д анимација, често прикажани од перспектива во простор, како да лебдат или се под вода. Често вистинската длабочина и за некоја нова димензија треба малку повеќе да се загледаме.
Спори
Одлични за 3Д анимација, често прикажани од перспектива во простор, како да лебдат или се под вода. Често вистинската длабочина и за некоја нова димензија треба малку повеќе да се загледаме.
 

art_logotrends_spores

 

Духови

Да се привлече внимание во овој визуелен свет е предизвик на секој дизајнер, посебно на оние што дизајнираат логоа. Задачата е со нешто мало да остави голем впечаток. За да остави впечаток треба подолго време да се задржи вниманието на гледачот. А како би го задржале ако не со нешто необично, нејасно, проѕирно, магловито...или со еден збор нешто што изгледа како дух. Многу често еден дел е неотркиен или недоволно во склоп со останатот за да се остави простор и за имагинацијата на гледачот. Најчесто по динамика се забавени, дури на моменти и статични. Главен ефект овде се боите и комбинацијата на темни и светли нијанси. 

art_logotrends_ghosts

 

Ефект на разгранет ластар

Овој ефект во себе целосно го има човечкиот фактор за да бидат пријатни за гледање. Далеку од геометриска прецизност, понекогаш изгледаат како гранки од дрвја, како листови од некој цвет...а многу често и типографијата го следи истиот неправилен стил. 

art_logotrends_tendrills

Имперфекција
Перфекцијата е преценета. Од овој слоган појдуваат дизајенрите кои го измислиле наредниот стил. Се започнало со 3Д техниката. Тоа мало изместување на сликата ако се гледа без соодветни 3Д наочари. Сега и во понапредна форма и стил. Главни ефекти се поклопувањето и транспаренцијата. А се знае тука главни алатки се комбинацијата од бои. Најчесто чисти за да и самите преклопувања бидат јасни и лесно воочливи. Се користи кај компании кои влегуваат во една заедничка групација, кај здруженија, асоцијации и сл. Самото поместување или репетиција на еден ист елемент дава динамика, како да забрзува или успорува, се зависи од комбинацијата од бои. Многу често изгледаат како незавршени логоа до крај, како започант драфт и намерно прекинат.
art_logotrends_shift
Делчиња
На овој тренд често се коментира дека „еден примерок од нешто лошо е лошо, но многу лоши примероци прават нешто добро“. Исти делчиња кои се разликуваат само по големина и боја, се спојуваат во едно за да се прикаже поголема слика. Набљудувани од далеку се една целина, а од блиску секој елемент си е посебен сам за себе.  
art_logotrends_parts
Пиксели
Во светот на RGB пикселот е најмал заеднички деноминатор на се што гледаме на мониторот. Тие се природни тули за градење на дигиталните производи. Заради природата на медиумот боите се најчесто јаки и нијанси на повеќе бои, како дигитално виножито. 
art_logotrends_pixel
Хексахедрон
Стивен Дојл е зачетникот на овој стил со неговото лого за The Cooper Union (првото лого на сликата подолу). Едноставно ако го погледнеме одблизу ќе видиме, две коцки со три транспаренти избоени лица, репрезентирајќи ги иницијалите C и U. Со отварање на коцките се гледа длабочината насамите форми и овозможува гледање од повеќе агли. Со еден збор, гледачот е дел од самото лого, и најбитно се чувствува пријатно со неговата задача. 
art_logotrends_hexahedron
Прашина
Кога зборуваме гласно нашиот тон е монотон и груб, меѓутоа кога шепотиме, увото на слушателот е во состојба на постојано напнување за да не разбере. Дизајнерите на логоа со ефект на прашина појдуваат баш од вториот вид на зборување, т.е. шепотењето. Тоа што претставува за увото во звукот сакаат да пренесат во окото на гледачот на логото. Главна алатка за тоа тука се честичките прашина, песок...итн. Уникатен пристап и во дизајнот, лесно се памти, и пред се има динамика и погоден за било каква анимација. 
art_logotrends_dust

 

 

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons