Ное232016

Совети до клиентите, како успешно да соработувате со фриленсери

SplitShire-0419 1600-1280x854-970x500


До сега низ многу статии сум пишувал како да имате повеќе клиенти, како со оние кои работите најдобро да комуницирате, кога да му кажете „не“ на клиент и многу други теми и совети. Сега ќе пишувам малку од другата страна, т.е. совети до сите клиенти како да соработуваат со дизајнери и фриленсери.

Ное182016

Задоволни клиенти, среќни фриленсери

happ1
Има една изрека дека ниту еден проект или задача не пропаднала од премногу комуникација, туку од премалку комуникација меѓу фриленсер и клиент.

Ное072016

Скопје постер фестивал по 9-ти пат

prva
Деветто издание на Скопје постер фестивал ќе се организира од 21-ви до 30-ти ноевмри 2016 година во Музеј на Град Скопје.

Ное012016

5 совети како да заработувате повеќе како фриленсер

prva
Како што ветив, со мало задоцнување овој пост ќе биде всушност мојата презентација во склоп на првиот стартап саем за кариера “LaunchCareer” кој се одржа во Јавна Соба на 13ти октомври. Целиот настан беше одлична прилика на сите стартап компании да се спојат со кадар кој им е потребен. Посетеноста и организацијата беше одлична, и се надевам дека ова ќе стане традиција.

Сеп102016

5 совети за успешна презентација пред клиент

prvapp
Да се биде успешен фриленсер е склоп на неколку вештини и особини, кои понекогаш не се поврзани со вашата стручност, ниту годините искуство, ниту колку нова опрема користите...туку едноставно кажано да знаете како да го „продадете“ својот дизајн.

Јун082016

Две грешки што секој фриленсер ги прави

cover
Да се биде фриленсер значи и самостојно носење одлуки при комуникација со клиенти. Понекогаш тие одлуки не се базирани на анализа туку на чиста претпоставка што на крајот на денот може да значи погрешен избор.

Мај192016

5 Знаци дека е време да „раскинете“ со некој клиент

11

Иако обично ситуацијата кај фриленсерите е обратна, т.е. тие се плашат да не добијат „отказ“ од некој клиент, но мора да ги знаете и знаците кои укажуваат дека е време вие први да ја прекинете соработката со некој клиент. Нормално е доколку се има волја од двете страни и доволно време, да се направи напор да се изнајде решение. Еве 5 најчести знаци дека можеби е подобро да престанете со работа за некој клиент.

Мар122016

За и против работење во маркетинг агенција

5
Едно од најважните одлуки, посебно на тазе дипломираните дизајнери, програмери е дали веднаш да пробаат со барање работа и отворени позиции низ маркетинг агенции или пак да почнат со барање работа онлајн и барање свои клиенти.
Сите оние што досега ме прашувале за совет, знаат дека на оние што никогаш не работеле во маркетинг агенција ги советувам дека е корисно и добро да пробаат, макар една година, а и на другите што со години се во маркетинг агенции, понекогаш и само во една, им велам најбрзо што може да почнат со работа како фриленсери.

Фев182016

Олимписки логоа 2024 - кратка рецензија

cover


Иако Олимписките игри оваа година во Рио се за само неколку месеци, Меѓународниот Олимписки Комитет уште сега активно работи на кандидатурите на градовите номинирани за 2024та. Aко не сте ја прочитале, повелете рецензија на логото на Рио

До сега сите градови (Лос Анџелес, Будимпешта, Париз и Рим) ги објавија првичните логоа и еве на кратко за сите нив.

Ное272015

Време за нови фонтови

main
Нешто што дефинитивно е најбарано, и секогаш ми е мило да ви ја збогатувам колекцијата на бесплатни фонтови со македонска поддршка, и овојпат со 10 нови. 

Окт082015

Топтал посака добредојде и на дизајнерите

toptal-blog-image-1444221868765-be2e5849e55a27df4394f4df0e01f339

Топтал вчера објави дека освен програмери и девелопери сега ќе може да се регистриаат и дизајнери како фриленсери. Сето ова е направено поради големата побарувачка од страна на клиентите. Кај дизајнерите фокусот е даден на UX, UI како и визуелноста и интеракцијата.

Авг032015

Нова колекција на 10 фонтови со поддршка

cover
На ваше барање (и, не ова не го пишувам колку да се искористи фразата) туку навистина и буквално на улица пријатели и фриленсери прашуваа кога ќе има нови фонтови на Дезен. И со право, бидејќи поминаа скоро 5 месеци од последната тура. Само да ве потсетам, дека во овој период имаше неколку нови фонтови поединечно споделени на Фејсбук страната https://www.facebook.com/dezenmk затоа скролајте надолу и проверете, тие фонтови не се вклучени во овој пакет. Панграмот е на Ана Јовановска Екс Костовска 

Страница 2 од 32

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons