Јун082010
Напишано од Јанев

Хелветика кај логоата

helv_prva
Хелветика е еден од најшироко распростанетите санс серифни фонтови низ целиот свет. Дизајниран во далечната 1957 од швајцарецот Макс Миедингер и сеуште е актуелен и популарен фонт. Посебно го има кај логоата, најповеќе кај типографските. Дел од најголемите светски компании го користат Хелветика и неговите варијанти.

Моќен, цврст, стилски, читлив...се само дел од спецификациите кои го прават фонт број еден за многу дизајнери. Во продолжение следува избор на 25 Најголеми светски компании кои го користат Хелветика во самите логоа.

Јун062010
Напишано од Јанев

Социјални 3Д икони за џабе

social_prva
12 3Д икони од областа на социјалните мрежи, кои бесплатно може да ги користите на вашата веб страна или блог. Доколку на вашата страна имате и други 3Д елементи одлично ќе се вклопат во целокупниот дизајн.

Јун062010
Напишано од Јанев

Експресивни црно-бели фотографии

foto_prva
Црно-белите фотографии отсекогаш биле предизвик за секој фотограф, посебно за професионалните. Иако без колорит овие фотографии будат емоции на носталгија, на моменти од минатото...и многу често имаат поголема моќ од оние во боја. За да се биде успешна пред се мора да се внимава на светлината, контрастот, сивите тонови...уште повеќе ако се слика портрет мора да се внимава на експресиите на лицето. Следува селекција од 30 моќни црно бели фотографии.

Јун062010
Напишано од Јанев

Текстури и дезени во веб дизајнот

dezen_prva
Со користење на текстури и дезени во веб дизајнот може во огромна мера да се постигне уникатност и мекост и да се одбегнат стандардните остри линии и чисти бои. Доколку се користи правилно, самата страница да биде реален лист хартија, дрвена површина, парче облека и многу други и со тоа да го привлече вниманието на посетителот. Во продолжение следуват избор од 10 веб страни со одлично користење на дезени и текстури. Самата слика е линк до веб сајтот.

Јун062010
Напишано од Јанев

Светско првенство во фудбал 2010 постери, маскоти и логоа

fifa_prva
Од 11 јуни до  11 јули во Јужна Африка ќе се одржи 19-тото Светско првенство во фудбал. Овде нема да зборуваме за групите, нема да типуваме, ниту за стадионите или слично. Ќе ги разгледаме постерите, маскотите и логоата на ФИФА Светските првенства од 1930 година до денес. Со споредба може да се забележи напредокот во графиката и дизајнот, посебно кај маскотите и логоата. Мое омилено лого е Пике од Мексико 1986-та , а лого тоа на Јапонија и Јужна Кореја од 2002-ра.

Интересен е фактот што од 12 маскоти дури 6 се животни.

Маскотата на годинашново Светско првенство се вика Закуми и е дело дизајнирано од Андриас Одендал. Леопард со жолто тело и зелена коса, како и боите на дресовите на репрезентацијата на Јужна Африка.

Јун062010
Напишано од Јанев

Летен пејзаж PSD

psd_prva
На почеток на летото, гага за вас имам прекрасен летен пејзаж во .psd фајл со сите лејери, за да може да го менувате и користите според вашите потреби. Сите елементи како сонце, отсјај, зраци, бои, сенки, дрвја, птици, балони...се одвоени и соодветно именувани за полесна манипулација.

Јун062010
Напишано од Јанев

Летна инспирација

summer_prva
Летото е на самиот почеток. Период на одмори и помалку работа. Асоцира на сонце, сино небо, плажа, море, топло време, коктели, зелени површини, шарени јаки бои...со еден збор прекрасно време за идеи и инспирации. Во прилог има 15 слики и илустрации кои ги најдов сурфајќи а се одлични за ваша инспирација за следниот летен проект.

Јун052010
Напишано од Јанев

Фриленсер и летниот одмор

vacation_prva
За сите оние што работат од дома како фриленсери, одењето на одмори, посебно сега кога е сезона на летни одмори, знае да биде посложен процес, поврзан со повеќе планирање, и менаџирање на времето и проектите кои се во тек.

Меѓутоа со планирање однапред, и успешен баланс меѓу слободното време и работата може без многу дополнителни проблеми да си го испланирате вашиот одмор.

Најбитно е во секое време да ги известувате клиентите до каде сте со нивната работа, никогаш не оставајте ги тие да се прашуваат по неколку дена. 

Јун052010
Напишано од Јанев

10 Најпознати кружни логоа

circle-logo-designs-small
Според некои статистички податоци логоата во форма на круг се застапену со дури 27 % од вкупниот број на логоа. Тоа е огромен процент имајќи в предвид дека постојат уште триесетина други форми и типови на логоа. Кругот како перфектна форма има за цел да покаже дека логото, т.е. компанијата што ја застапува е стабилна, присутна долго време, и влева доза на сигурност кај клиентите. Од друга страна, има непотвредена тезе дека човечкото око многу попријатно ги перцепира кружните, полукружните и брановидните форми, за разлика од острите и прави линии на пример. И се разбира ако тоа е пријатно за окото и подолго време ќе остане во нашата меморија, а тоа е всушност и целта на секој дизајнер да постигне. На повеќе има селекција од 10 логоа, кружни по форма се разбира, кои според мене се најпознати и најдобро дизајнирани.

Јун032010
Напишано од Јанев

Лего мега конструкции

lego_prva

Лего коцките за прв пат беа претставени во 1949 година. Од тогаш до денес, тие се дел од развојот на секое дете, и не само тоа, тие се дел од инспиративните идеи за алтернативните уметници. Неверојатно е што се може да се направи со тие шарени коцки кога ќе се спојат. Она што ќе ви го покажам не се Лего градби, ова се Лего мега модели, огромни градби од кои верувам ќе ви застане здивот. Следат најдборите.

Јун032010
Напишано од Јанев

Бесплатни векторски мапи

map_prva


Сигурно во досегашната ваша работа како дизајнер многупати ви потребало мапа на светот со сите земји. Наместо да губите време и барате соодветна, бесплатно за преземање ги имате двете векторски мапи на светот кои според мене се најквалитени и најчесто ги користам.

Јун032010
Напишано од Јанев

Неверојатни векторски портрети

vector_prva


Портретот како уметничка форма е доста често застапен, посебно кај сликарите и фотографите. Меѓутоа и графичките дизајнери ја користат истата форма и преку векторизирање на готова фотографија или скица прават уметничко дело во вектор. Навистина треба доста умешност и пред се иницијална замисла за на крај имате ремек дело. Иако на ова поле има голем избор, за вас одвоив само 20 најдобри векторски портрети. 

Страница 31 од 32

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons