Јун032010
Напишано од Јанев

Неверојатни векторски портрети

vector_prva


Портретот како уметничка форма е доста често застапен, посебно кај сликарите и фотографите. Меѓутоа и графичките дизајнери ја користат истата форма и преку векторизирање на готова фотографија или скица прават уметничко дело во вектор. Навистина треба доста умешност и пред се иницијална замисла за на крај имате ремек дело. Иако на ова поле има голем избор, за вас одвоив само 20 најдобри векторски портрети. 

Мај232010
Напишано од Јанев

Најнови модерни стилови

2

Во изминативе 4-5 години колку што активно дизајнирам логоа, се сменети многу трендови, воведени нови техники и стилови, нови ефекти...секогаш со излегувањето на нова верзија на векторски софтвер доаѓаат и нови алатки.
Секојдневното прегледување на логоа, понекогаш и над 100 дневно, создава јасна слика за новите трендови и стилови.
Текстот се повеќе станува важен фактор сам по себе во креирањето на нов корпоративен идентитет. Дизајнерите а и клиентите сакаат пораките да бидат подиректно пренесени, со инкорпорирањето на зборови и имиња директно во типографијата. Се појавија логоа кои се повеќе информација отколку дизајн.
Еве неколку од нив кои се прилично нови или понапредна верзија од веќе добро етаблиран стил.


Страница 32 од 32

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons