Фев112013
Напишано од Јанев

Св.Валентајн како инспирација

1111
Се ближи денот на заљубените кој како празник се почесто е застапен и кај нас. Дали е тоа во ред или не, е сигурно дискусија за некои други блогови, тука ќе разгледаме неколку уникатни реклами токму за овој ден.

Фев042013
Напишано од Јанев

Креативни принтови (февруари)

111
Нов месец, нова доза инспирација од најдобрите креативни принтани реклами.

Јан102013
Напишано од Јанев

Календари 2013

111
Иако постепено како да изумира како реална потреба, календарите и понатаму се графичка форма и предизвик за секој дизајнер да се излезе од стандардните клишеа и да се дизајнира уникатен календар, како по обликот и формата на прикажување на месеците така и по самиот дизајн. Морав да почекам за да прегледам што повеќе за сега да селектирам посебна колекција од преку 70 интересно дизајнирани календари.

Јан092013
Напишано од Јанев

Креативни реклами (јануари)

111
Нова свежа инспирација за почеток на новата година.

Дек292012
Напишано од Јанев

20 Новогодишни резолуции

scgfbf-04
Годинава завршува за неколку дена. Време кога обично се прави рекапитулација за  поминатата година и одлуки и ветувања за наредната. Според тоа што сте сработиле, научиле, искусиле...ја оценувате како успешна или неуспешна и се она што не сте можеле веќе го префрлате во агендата за наредната година. Во правењето на таа листа ќе ви помогнам со неколку идеи доколку сте графички или веб дизајнер фриленсер.

Дек032012
Напишано од Јанев

Креативни реклами (декември)

112
На ред дојдоа и тазе креативни принтови и реклами, последни за оваа година. Уживајте и споделете.

Ное172012
Напишано од Јанев

100 најдобри графити за 2012

1111
Графитите одамна не се само име напишано на ѕид со два спреја, туку многу повеќе. Во денешно време тие се дел од секој урбан град, од секое маало, или од цела една зграда. Навистина ми беше тешко од преку 5000 фотографии со графити собрани преку целава година да одвојам, но морав да селектирам во една „помала“ колекција од топ 100. Наредната тура ќе биде од македонски графити цртачи и уметници.

Ное072012
Напишано од Јанев

Најдобрите насловни за 2012-та

111
Дизајнот на насловните страни на познати светски списанија и магазини се почесто е медиум преку кој издавачката куќа ги покажува своите вистински квалитети. Најчесто за специјални броеви или едиции се ангажираат дизајн студија или фриленсери кои ќе дизајнираат само насловни, надвор од дизајнерите кои ги дизајнираат внатрешните страни. Решив да споделам 40 кои од сите зачувани од оваа година мене ми оставиле најголем впечаток. Повеќето се од печатени или таблет верзии, а меѓу нив се и познатите: Time, El Mundo, Wired, New Yorker, etapes, Wallpaper*, NME, Metal Hammer, Vogue, Bloomberg и многу други. И сами ќе забележите дека во последно време се избегнуваат фотошопирани фотографии, туку се оди кон чиста илустрација, минимализам и целосно типографски насловни.

Ное052012
Напишано од Јанев

10 бесплатни заоблени фонтови

1111
Во последно време се повеќе луѓе и колеги дизајнери ми бараат нови заоблени фонтови. Може е некој тренд, барем во светски рамки, се повеќе да се отфрлаат серифните фонтови а на нејзино место да се помеките, понежни фонтови, без остри линии и агли, но сепак да не изгледаат премногу детски туку да има некоја цврстина и строгост во нив, за да може слободно да се користат за корпоративен идентитет и логоа. Затоа решив да споделам 10 понови фонтови кои ги имаат баш овие карактеристики. За преземање само клик на сликата.

Ное022012
Напишано од Јанев

Минималистички концертни постери

111
Концертните постери за секоја музичка група или артист претставува уште еден медиум за изразување на пристапот и креативноста на самата група во склад со нивната музика. Обично за секоја поголема турнеја се ангажираат дизајнери кои ќе изградат препознатливост преку целата концертна сезона. Не ретко и ова се прави преку јавно отворени конкурси каде има најразлични идеи. Наместо стандардните клишеа застапени кај нас, со фотка од групата и испис по нејзе, направени најверојатно во Ворд, решив да селектирам дел од концертните постери кои се одвојуваат. Од класични илустрации до векторски минимализам. Нека ви биде инспирација за вашиот нареден постер.

Ное012012
Напишано од Јанев

60 креативни реклами (ноември)

111
Одбрани најдобрите креативни принт реклами за овој месец. Уживајте и споделете.

Окт282012
Напишано од Јанев

Како да избрифирате клиент?

112
Понекогаш за она „клиентот е лош“ или „јас ги имам најлошите клиенти“ и самите фриленсери се виновни. Ќе се запрашате зошто е тоа така?

Страница 7 од 31

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons