Мај272014

advices-06

 

advices-04

Тука се разбира мислам на имењување на фајловите додека работите, и тоа не само на работните фајлови, туку и на сите материјали и ресурси, па дури и фотка симната од интернет. Сите сме се нашле во ситуација на брзање да одреден фајл именуваме како "logo_draft_2" пример, без да наведеме за кој клиент е логото. Нема ниту да споменувам именување како Untitled2 или сл. тоа е едноставно недозволиво. Колку порано стекнете навика на почетокот толку полесно и побрзо ќе работите подоцна. Верувајте ми тие 2 секунди што ќе напишете конкретно на што работите може да ви заштедат и 2 дена подоцна барање низ бекап. И не само фајловите, туку и фолдерите треба да се организирани на начин за побрзо пребарување. Направете си шема и ваш стандард од кој нема да отстапувате. Но, не претерувајте во микро менаџирање, 5-6 фолдери за секој клиент е доволно. Пример, drafts, dobieni, resursi, photos, preview, print и сл. А ако сакате да дознаете дали имате добар систем, дозволете на некој друг да најде некој фајл.

advices-05

Ја ставив на второ место бидејќи хигиената во домашната канцеларија/соба може да влијае многу во вашата организација на работата. Расфрлани листови, тетратки, скечирања, забелешки... за некого е само „креативен хаос“ но за повеќето препрека при работата. Направете простор за само проект или два кои ги работите моментално на вашето биро. Се друго ставете во папки и класери додека не им дојде ред. Имајте канта за отпадоци, редовно бришете прашина по полици и книги, проетрувајте ја собата и ставете некое цвеќе, макар и помало.

advices-01

Како што пишав погоре, како што вашето биро треба да е добро средено, така и вашиот десктоп на компјутерот треба да биде среден. Да, понекогаш кога работиме она што сакаме најбрзо да го најдеме го зачувуваме на десктоп, но само привремено. Редовно правете “чистка“ не непотребни фајлови. За добра организација јас користам Fences http://www.stardock.com/products/fences/ и најтопло ви го препорачувам. Си креирате свои блокови од иконите и фајлови. Оние што најчесто ги користите на едно место, downloads на друго и можеби постови за на блог на трет. Лесно и бесплатно програмче. На двоен клик десктопот инстантно се чисти ;)

advices-02

Светлината не е важна само за цвеќето туку е многу важна за работната атмосфера и расположение. И тука не мислам само на сончевата, туку и на таа кога работите навечер. Секогаш кога ќе имате прилика преку ден нека влегуваат сончеви зраци во собата, нормално не директно на екранот, но да се чувствува воздухот од надвор. Доколку често работите навечер до раните утрински часови препорачувам ЛЕД сијалица или повеќе кои ќе може да се контролираат по јачина. И по можност да имате ламба на самото биро која ќе биде примарно светло доколку цртате.

advices-03

И за крај, иако можеби е најважна точка, а тоа е редовно бекапирање на вашите фајлови. Штом завршите со некој проект, веднаш бекапирајте го, не го чувајте подолго во системот, посебно не на десктоп. Повеќе методи значи и поголема сигурност. Така да најдобро е доколку имате голем простор онлајн прво таму да ги имате, бидејќи ќе имате пристап буквално од секаде ако затреба, а после доколку имате екстерен поголем диск веднаш и таму имајте резервна копија. За најважните проекти и клиенти, снимајте ги и на некој медиум како цд или двд. Со потсетник ќе знаете како точно кога треба да правите фул бекап на системот. Колку и да имате силни машини и ретко ви крешнува системот, мој совет е секогаш и во секое време да имате бекап бидејќи никогаш не се знае.

 

Слободно надополнете ја низава и споделе ваши совети

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons