Јул292010

prva
Oстануваат уште неколку дена до Светското првенство во фудбал во Бразил. Логото од самото претставување до денес сеуште е цел на критики од многу дизајнери како и пошироката јавност. Едно е сигурно, периодов ќе го гледаме буквално насекаде.

Името на логото е „Инспирација“ и е креирано од бразилска агенција по име Африка. Коинциденција или ?!
Избрано помеѓу 25 учесници, дизајнери и дизајн студија. Интересно што помеѓу жирито биле и познатиот бразилски модел Жизел, писателот Пауло Куељо и еден куп познати луѓе, само не познати дизајнери.

Логото е само мал дел од целата кампања која започнува веќе од август под името „Бразил ве вика“ со реклами, видеа, низ социјалните мрежи...кои ќе чинат над 30 милиони долари ќе пробаат да допрат до 400 милиони потенцијални туристи и навивачи во над 100 земји во светот.

Ако се погледне низ историјата на светските првенства и нивните логоа ќе се забележи тренд на поедноставување на самиот дизајн, кратки едноставни линии, без пренатрупаност. Целокупниот концепт е добар, иако реализацијата би можела да биде подобра, многу подобра.
Значи раце кои формираат трофеј одлична идеја, но некако самите дизајн на нив е како изместен, не соодвествува со целокупниот стил. Посебно кружните и полукружните градиенти.  
Логоата со раце се навистина тренд и се доста популарни, но дали ќе биде тоа ќе потрае?
Нормално дека боите се оние на Бразил, бидејќи таму и ќе се одржи, но рацете може да асоцираат дека тие се како прогласени однапред за светски шампиони и пехарот е нивни. И за тоа ќе мора да почекаат :)

world-cup-logo-2014

Друго што може да се забележи е премногу лесното и лабаво исцртување, замислата како цртано со рака е секогаш пријатна и некако природна, но овде изгледа како некој искусен цртач да се обидувал намерно да направи да изгледа не така професионално.
Растојанието меѓу прстите од друга страна не е природно и вообичаено.
Интересна изгледа и критиката дека рацете што држат фудбалска топка не е соодветно за фудбал, во фудбалот тоа не е дозволено (освен голманите се разбира) и повеќе го поврзуваат со одбојка, ракомет или кошарка на пример.

Подолу е логото кое првично беше објавено и дури и сега се наоѓа на многу бразилски веб страни посветени на Светското во 2014та

logo-blog2

Уште во 2010-та дизајнерот Феликс Соквел направи мал редизајн и покажа дека со мали корекции може многу да се подобри.

tyjgh

brazil-2014-world-cup-logo-03

 

Веќе се појавија графити низ Рио со логото

dm 120525 otl brazil ready

A по интернет има многу мемиња и манипулации за тоа дека логото многу личи на „facepalm“

332v1n8.jpg

h77F1737D

39432320100716174302

 

 Што вие мислите за новото лого? Слободно споделете во коментарите

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons