Рио 2016 лого
Една од најмасовните прослави за Нова Година беше онаа во Рио де Женеиро, на плажата Копакабана, долга 5 км и на која присуствуваа над 2 милиони луѓе. Освен спектакуларниот огномет во истата вечер беше промовирана и кампањата која почнува за Олимписките Игри во Рио 2016та. Први во Јужна Америка. Целиот дизајн, промотивниот спот и она за што го пишувам овој пост самото лого беа презентирани на огромни бимови и билборди неколку часа претходно.
Значи дефинитивно оваа деценија ќе биде во знакот на Бразил и Јужна Америка воопшто. Ова го кажувам затоа што за тие што не знаат дека и Светското првенство во фудбал 2014та исто така е во Бразил, a за чие лого веќе имаше критика.
Нема да навлегувам воопшто зошто толкава концентрација токму во Бразил, колку пари ќе потрошат и колку ќе добијат, туку само од аспект на дизајнот, во овој случај дизајнот на самото лого.
Тие што се малку поупатени ќе помислат, па лого веќе (тоа погоре на сликата) имаат зарем има ново? Да, логото е ново, а она кое сте го виделе, па дури и сега ако прогуглате Рио 2016 прво ќе ви излезе токму тоа „постарото“ лого. Кога градовите кандидати конкуриаат за домаќини, по правило мора да достават и лого, законски со и без олимписките кругови. Но, исто така откако ќе се објави победникот, како во овој случај, градот има право да го смени. Токму тоа и го направија Бразилците. И според мене правилен потег, со кој ќе добијат многу повеќе.
Преку 140 маркетинг и дизајн агенции конкурирале за бренд дизајнот на Олимписките Игри, а во најтесниот избор влегле само 8. Комисијата на чело со претседателот Жак Рог, која го прогласи победникот беше од Олимписките комитети од 15 земји во светот. И на крај победи дизајнот и логото на тимот од Рио, Tatil.
Сега за самото лого. Ова е можеби првото (полу) 3Д лого на било кои летни Олимписки игри досега. Со самото тоа е нешто ново и уникатно. Поврзано е како една целина, три фигури поврзани во движење, во три различни бои, боите на Бразил се разбира. Кариоките се познати во светот токму по нивните танци, салса, румба, по карневалот...па дури и за фудбалерите на Бразил се вели дека толку добро ја владеат топката што „играат“ со неа. Токму тоа држење за раце и играње, славење, нивната култура е многу успешно доловена. А со самото тоа и духот на Олимпизмот, почит, пријателство, успех и радост.
Сите детаљи се одлично исцртани. Светлината, прелевањето, посебно градиентот на трите бои кој всушност ја дава таа нишка на длабочина и полу 3Д ефект, кој посебно е изразен во видео анимациите. Има одлична затворена линија на движење, која продололжува и со типографијата, како исцртан со слободна рака и поврзани карактери, што единствено се прекинати помеѓу 0 и 1. Дури и крајните две бројки, 1 и 6 се креативно повразни со едно движење. Тоа најдобро се гледа во промотивниот спот, одлична промоција на Бразил, на Рио де Женеиро како град на сите спортови, и на крај на самото лого.
Еден ден после објавувањето, т.е. веќе на 1ви Јануари се огласи дека логото е плагијат на американска Telluride Foundation и дека има премногу сличности.
Дизајнерите на Рио 2016 го бранеа со фактот дека единствена сличност е што има луѓе фатени за раце во круг, што е асоцијација за скоро сите такви (добротворни) организации и фондации и дека претходно воопшто не го виделе нивното лого, иако имале задолжено специјално луѓе да бараат сличности со веќе постоечки логоа. Откако ова помина веќе наредниот ден излезе дека логото е плагијат на сликата „Танц“ на францускиот сликар Анри Матис.
Не би сакал да звучам дека бранам плагијат, но во овој случај мислам дека тоа го нема. Да, сличности има, но ниту Фред Гели, директорот на Татил агенцијата ниту Матис го измислиле концептот држење за рака и играње во круг. Дури тоа што токму од таму имаат појдено мое мислење е дека тука е добитна комбинација. Таа особина на кариоките, на страст, на колективно славење, на срдечно пријателство, позитивна енергија...не би можело да се отслика на подобар можен начин. И ако треба да дадам оцена би била чиста десетка!
БОНУС: Погледнете како се развивало самото лого, од скеч, преку разни варијации до финален производ, објаснето од тимот дизајнери.
Што мислите вие, дали логото ќе си ја врши добро функцијата и дали е плагијат? Слободно споделете во коментарите подолу

janev
said:
![]() |
... @Стаматовски дефинитивно има одлична линија и "smooth" движење, статично за око и за анимација. Уште еден доказ дека нема ништо појако и подобро од „слободната рака“ ![]() |
Миро
said:
![]() |
... Страшно добро 3д лого, се сложувам и за типографијата,го следи движењето,одлично. А тоа што некој би сметал дека е плагијат оти веќе некој нацртал луѓе како се држат за рака, по таа логика никогаш повеќе не смееме сонце да нацртаме оти таму прв некој во некоја пештера веќе го бил применил...??!! апсурдно |
Кирил Гагачев
said:
![]() |
... Логото е ВРВНО! Многу ми се допадна уште од првото гледање. Заедно со се типографијата. Се си е на место. Плагијат? Yeah right... Цел креативен Бразил се крена на нозе, за да направи плагијат лого... Не знам што друго ќе им текне ... Она на Лондон, да не беше поубаво? |