Фев172014

1p
Уште во текот на Зимските Олимписки Игри во Сочи, Осло како град кандидат за 24-тата Олимпијада во 2022, прв го презентираше своето лого, комплетниот бренд идентитет како и веб страната. Schonetta е агенцијата која стои позади целосниот дизајн и визуелизација.

Според претседателот на Норвешкиот Олимписки комитет, логото е разиграно, живо, иновативно и лесно впечатливо.
Визуелно на прво поглед изгледа збунувачки, бидејќи не може од самото лого да се прочита ниту градот Осло ниту годината 2022.

IMG_1830.jpg_500x333

Четирите букви и четирите бројки се со заоблен мек фонт разфрлани насекаде како извадени од прибор или сложувалка и одозгора кропнати од кружна форма која сече голем дел од буквите и бројките. Едноставноста лежи во модуларната форма на визуелните елементи, кои како лего се составуваат и имаат одредена динамика. Идејата да се соединат буквите, посебно О и S, кои се слични по форми со бројките 0 и 2 ,распоредот иако е по стриктни гајдови и правила, и посебно боите кои прават да изгледа дека се е составено од исечени елементи е навистина одлична и паметна, но реализацијата и егзекуцијата е прилично слаба и не ги искористува до крај сите можности. Како да не е докрај разработена и недовршена.

oslo_2022_cover

Она што фали е оној типичен познат скандинавски дизајн, на едноставност и минимал креативен пристап. Првичната официјална веб страна го следи тој тренд и се е во знакот на кругот. Она што многу повеќе збунува е што самата апликација на логото на различни медиуми може да биде проблематична. Нема рамки ниту граници кои би го двоеле од позадината и би изгледало како на сликата подолу без никакви дополнителни ефекти.

original

Подредувањето на исписот е лево подреден, наместо централно, што дава слика како да е изместено или да има преголем фонт. Додека сме кај фонтот, тој е Walsheim креиран од швајцарското студио GVA. Нов и интересен сан серифен фонт, лесен за читање, но дифолтниот кернинг е некако преголем, посебно веб варијантата.
За крај мора да имаме в предвид дека „кандидатското“ лого најчесто претрпува многу измени, па дури и се дизајнира ново откако градот ќе победи. Инаку Осло се натпреварува заедно со Краков (Полска), Алмати (Казакстан), Лвив (Украина) и Пекинг (Кина), а победникот ќе се прогласи на 31-ви јули 2015 во Куала Лумпур.

Што мислите вие за логото на прв поглед? Слободно коментирајте подолу.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons