Авг072014

dz shk2 cover
Дизајнерите и креативците знаат дека добра идеја и инспирацијата понекогаш доаѓа сосема случајно. Така некако се роди и #шкART колекцијата на маички. Од обично скечирање и handlettering доцна навечер за кратко време од неколку дена веќе имав десетина драфт дизајни, од кои одбрав само 3 во првата тура.

Вака некако изгледаше само еден од многуте расфрлани листови со скечирања со исписот ART, на кој отпосле го залепив и „шк“.

1012456 675945329158841 9086672400964688107 n

Ова се одбраните дизајни

1

2

3

Ова се дел кои не беа селектирани, но тоа не значи дека нема да се појават изменети понатаму

shkart

Исто така оние што се на dribbble можат да ги видат дизајните flat

shkart dr 3 prw

И не заборавајте дека има и гласање на следниов линк со не толку популарните лајкови, но само така може токму вие ќе ја добиете победничката маичка. Веќе од наредната недела првата серија по промо цени ќе може да се носи. За нарачки најбрзо преку порака на Фејсбук или ДМ на Твитер

Она што уште сега го знам е дека сигурно ќе има уште, #шкART дизајни и серии и ќе се шири и на други медиуми.

Овде би требало да стои слоган, јас само ќе кажам носете #шкART ;)

П.С. Поздрав до сите оние што даваат поддршка, ќе парафразирам само еден пријател кој ми кажа: „Колекцијата и брендот се во прав момент,  одлични како контра на целиот шунд што владее во секоја сфера на ова #шкART општество“

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons