Сеп142014

sh fet

Пред некое време пишував за идејата позади шкART маичките. Во тој текст имаше мок-апи, затоа што се уште не беа направени маиците, но сега се подготвени.

шкART колекцијата е мојот прв обид за создавање на маички како серија придружени со брендинг. Серијата има три типа на маички: сива, зелена и портокалова; секоја со различен рачно креиран испис на „шкART“.

sh 2

Секоја маица е брендирана со мало лого на задниот дел, и принт во внатрешниот заден дел. Маичките се достапни во женска и машка верзија. 

shk in

Секоја маичка доаѓа во кутија на која е рачно испишано името на серијата.

sh b

Подолу следат и фотографии од маичките, како и табела за димензии на маиците. Доколку не сте сигурни за големината која ќе ви одговара, споредете ги димензиите од табелата подолу со некоја од маиците кои ги имате. 

shkarT chart

шкART серијата е лимитирана, и не е предвидено да се прават дополнителни маички. Затоа, нарачајте си додека има на залиха.

sh 5 

За крај, доколку сакате и вие уникатна маичка, се што треба да направите е да пишете порака на danijanev@gmail.com или порака на Facebook одбраната маичка може да ви биде бесплатно испорачана дома или на работа доколку живеете во центарот на Скопје. Доколку сте подалеку, откако ќе добиете потврда за нарачаната маичка, ќе може да ја подигнете од Ultra Design Shop (во Дебар Маало)  

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons