10 убер минимал веб дизајни
Минимализмот се повеќе е застапен во веб дизајнот. Moдено и чисто, посебно за архитекти, студија, дизајнери, портфолија итн. Обично со само неколку бои, а најчесто и „црно бели“ со сан серифни геометриски фонтови, без скоро никакви дополнителни ефекти. Иако на прв поглед можеби изгледа лесно за дизајн и кодирање, сепак типографијата, графичките елементи, белиот простор... се од клучно значење дали ќе му фати око на прв поглед на секој посетител. На повеќе издвоив 10 најнови минимал веб дизајни. И запомнете, Less is more ;)
Музички веб страници
Музиката е сигурно дел од вашето секојдневие. Уште повеќе ако не можете без неа, сигурно денот не може да ви помине без музика. Без разлика дали на слушалки, во кола, на работа, пред компјутер, дома...си имате омилени артисти и албуми кои секогаш се со вас. Доколку често посетувате концерти и фестивали сигурно за турнејата дознавате од нивните официјални веб страни. Само мал дел од подобрите веб дизајни на светски рок групи, од класичните до денешните хард рок, а и неколку наши музички групи.
Играјте eRepublik (промо текст)
еРепублика или eRepublik е најактуелната и најиграната стратегиска игра во Македонија и пошироко. Играта не треба да се купува или пак да се симнува таа се игра директно преку вашиот интернет пребарувач. Во оваа игра вие можете да војувате со другите членови на играта од другите држави (пример во моментов еМакедонија војува со еИталија). Војувањето е наједноставната работа во играта,но затоа тука се новинарството,управувањето со фирмите, можете да бидете претседател на еМакедонија, министер, конгерсмен, да гласате закони или пак да предложувате закони, да учествувате во некоја воена единица итн.
10 уникатни веб дизајни
Во веб дизајнот се повеќе се избегнуваат стандардните непишани правила за мени, навигација, содржина, распоред, фонтови, класичните елементи и сл. Се повеќе, баре таму каде што дозволува темата, дизајнот е уникатен до тој степен што изгледа како нацртано со слободна рака на лист хартија. Со тоа не се додава нешто свое и уникатно на вашето онлајн присуство. На повеќе погледнете 10 одлично дизајнирани веб страни.
10 страници за бесплатни вектори
Сите дизајнери кои користат најмногу векторска графика знаат вектори секогаш ни фалат. Колку и да имаме база на векторски ресурси, понекогаш ни треба итно а екстерниот хард не е со нас. Интернетот е една огромна џунгла и навистина е тешко понекогаш да најдеме она што ни треба. Затоа решив да споделам со вас 10 одлични сајтови за бесплатни векторски елементи кои може слободно да ги користите.
Страница 1 од 3