Јул182010

Гугл одговара и на „тешки“ прашања

google suggestions
Скоро и да не постои човек на планетава кој не слушнал за Гугл. Макар и да нема интернет, па макар и да нема компјутер Гугл е насекаде. Ако сте од оние кој по неколку пати во денот го користи Гугл да најде нешто или да го праша Гугл нешто, тогаш сигурно сте се сретнале со сугестиите на вашите прашања кои Гугл ги нуди. Ќе почнете да пишувате некое прашање и Гугл ви нуди опции од неколку веќе претходно поставени прашања кои се слични со вашето. Токму тука може да се најдат сугестии и прашања за кои буквално ќе се запрашате зарем е можно некој да го прашал ова, глупи или смешни не е битно, сите се интересни за споделување. Погледнете ! Smile

Јул132010

Дали можеш да бидеш веб дизајнер?

webdesign
Сигурно многумина од вас кои се на било каков начин инволвирани во работа со компјутери, од систем администратори , програмери, дизајнери, аниматори итн. често за прашуваат дали би можеле да бидат нешто друго, да работам некоја друга професија. Одговорот ќе ви го каже оваа проста табела низ неколку чекори и одговарање на ДА или НЕ, клик на повеќе и споделете во коментарите до кое скалило сте стигнале Smile

 
Јул012010

Креативни веб хедери

headers
Како термин хедер (header) означува нешто што е прво, одозгора, на почеток. Така е и кај веб страници, хедерот е првиот елемент кој е најгоре на секоја веб страница, добро скоро на секоја, секогаш има исклучоци во дизајнот Smile. Најчесто тој простор се користи за менито, за навигација, за лого, за слоган...она што би сакале да остави прв впечаток кај секој посетител. Многу важен дел и стандарден дел на секоја веб страница. Затоа веб дизајнерите сакаат тој дел да биде уникатен, креативен и да го заинтригира посетителот да ја прелистува веб страницата. Во прилог подготвив 10 креативни хедери и се разбира линкови до оригиналните веб страни. Ако имате вие некои кои ви оставиле впечаток слободно пишете во коментарите подолу.

 
Јун252010

Познати дизајнери на Твитер

20-01_twitter_follow_leading_image
Твитер како најпозната социјална мрежа денес, посебно меѓу дизајнерите е одлично место за споделување на ресурси, трендови, искуства... Подолу е листа на 10 познати дизајнери кои доколку се занимавате со било каков дизајн би требало да ги следите.

 
Јун062010

Текстури и дезени во веб дизајнот

dezen_prva
Со користење на текстури и дезени во веб дизајнот може во огромна мера да се постигне уникатност и мекост и да се одбегнат стандардните остри линии и чисти бои. Доколку се користи правилно, самата страница да биде реален лист хартија, дрвена површина, парче облека и многу други и со тоа да го привлече вниманието на посетителот. Во продолжение следуват избор од 10 веб страни со одлично користење на дезени и текстури. Самата слика е линк до веб сајтот.

 

Страница 3 од 3

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons