Јул262010

wordpressjoomlabattle
Ќе споредиме два од повеќето CMS (Content Management Systems) системи за управување со содржини на веб страни. И тоа оние кои мислам дека кај нас се најмногу застапени во веб дизајнот. Од една страна Џумла, а од друга Вордпрес. И двата се бесплатни и ако сте во недоумица со кој од овие да ја почнете ваша следна веб страна и нејзино одржување се надевам со следниве неколку споредби со слаби и посилни страни ќе го одберете оној кој најмногу ќе ви одговара.

  • ЦЕНА

Прво не зборуваме за цена за купување, знаеме дека се бесплатни, туку цена доколку сакате веб страница. Ако најмите фриленсер да ви изработи веб страница во Џумла тоа ќе ве чини повеќе отколку во Вордпрес.

 


  • ТЕМПЛЕЈТИ

Џумла има и поскапи темплејти за купување. А бесплатните не можат ниту да се споредат со бесплатните на Вордпрес

 


  • МЕНУВАЊЕ НА ТЕМПЛЕЈТИ

Кај Џумлата тоа е слаба страна. Мора да се едитира во администрацискиот панел.
Вордпрес. Одлични опции и лесно за едитирање.

 


  • АДМИНИСТРАЦИЈА

Џумла. Со само неколку клика може да се администрира и многу сложена веб страница, од портал за вести до онлајн продавница.
Вордпрес. Тука треба добро да се познава php јазикот.

 


  • РАБОТЕЊЕ ЛОКАЛНО

Џумла. Одлична страна. Освен SEF плагини се друго ќе работи беспрекорно и инсталирана локално на вашиот компјутер. Одлично пред да ја ставите онлајн.
Вордпрес. Многу вордпрес функции на различни теми не функционираат локално.

joomla1

 


  • ХОСТИНГ

Џумла. Скоро сите хостинг компании нудат брза и лесна инсталација на Џумла.
Вордпрес. Важи истото.

 


  • ГОЛЕМИНА

Џумла. Во зависност за тоа каква е веб страницата може да биде огромна во мегабајти.
Вордпрес. Обично помала.

 


  • СТРУКТУРА

Џумла. Слаба страна. Огромен број на фолдери и комплицирано.
Вордпрес. Одлична сработено. Има само неколку фолдери.

 


  • ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Џумла. Модулите и екстензиите нудат секакви можности, каде да се појават и кога.
Вордпрес. Тука опциите се лимитирани, исто така и каде може да се појави. За едитирање на виџетите треба познавање од програмирање.

 


  • СОДРЖИНА

Џумла. Лесно се додава нов артикал и без никакво познавање на програмски јазик.
Вордпрес. Исто така лесно но за повеќе опции мора инсталирање на дополнителни плагини.

 


  • МЕНИЈА

Џумла. Може да ги имате колку сакате и каде сакате.
Вордпрес. Го има само менито на темплејтот. Страните зависат од темата, категоријата и сл.

 


  • МАРКЕТИНГ

Џумла. Одличен систем за банери веќе инсталиран.
Вордпрес. Тука ќе ви требаат плагини за таа работа.

1262364436_obr_Wordpress_default_theme

 


  • БРЗИНА

Џумла. Слаба страна. Колку повеќе модули и плагини имате инсталирано вчитувањето на страницата е поспоро.
Вордпрес. Многу побрзо. Дури и со инсталирани дополнителни плагини.

 


  • АПДЕЈТИРАЊЕ

Џумла. Слаба страна. Не толку лесна работа, посебно апдејт на компонентите и модулите.
Вордпрес. Многу лесно. Директно од админ панелот.

 


  • SEO (Search Engine Optimization)

Џумла. Слаба страна. Иако може да се вметнат мета тагови, опис и сл. сепак не ја вршат работата доволно добро. Мора дополнителни компоненти.
Вордпрес. Перфектен.

 


  • ПОВЕЌЕ ЈАЗИЧНОСТ

Џумла. Одлична бесплатна компонента е Joom!Fish. Нуди лесен менаџирање на повеќе јазици, на статии, компоненти, тагови и сл.
Вордпрес. Слава точка. Може само да се користи Гугл плагинот за превод што не секогаш е професионално решение и не покрива превод на се.

 


  • БЛОГ

Џумла. Дури и со вградена компонента за блогирање, џумла не е совршена.
Вордпрес. Како создаден за блогови, за што всушност и најчесто се користи.

 


  • КОНТАКТ ФОРМA

Џумла. Одлична вградена контакт форма која лесно се едитира.
Вордпрес. Нема инсталирана контакт форма. Само со инсталирање на дополнителен плагин.

 


  • ЗАЕДНИЦА

Џумла. Многу голема заедница која секогаш помага ако имате било каков проблем.
Вордпрес. Исто така активна заедница, но би рекол не толку пријателска и за многу прашања мора да користите гугл наместо вордпрес форум.

 



Какво е вашето искуство со овие два CMSи? Кој би го одбрале? Слободно споделете и коментирајте

 

коментари (1)add comment

Владимир said:

0
...
БЛОГ
Џумла. Дури и со вградена компонента за блогирање, џумла не е совршена.
Вордпрес. Како создаден за блогови, за што всушност и најчесто се користи.

Ова објаснува баш кое за кое е создадено, и зашто не е баш паметно да се споредуваат овие два цмс системи.

Ако некој сака блог тип, лудост е да избере Џумла, а доколку сака портал, ни у лудило вордпрес, ќе скине нерви заради нефукнцилналност со повеќе мениа, модули и слично.

Што се однесува до SEO и брзина, ако е безплатно незначи дека треба да ги ставиш нозете на маса, фаќаш маусот во рака и си оптимизираш за да работи перфектно smilies/smiley.gif Сепак џумлата има далеку повеќе можности за развивање и прилагање, одколку вордпрес.

Мој совет е, прво да се размисли што се бара и што се цели во иднина со потенцијалниот веб сајт.
март 26, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons