Окт042010

moj_profil
Од неодамна Твитер направи поголеми промени во самиот интерфејс и постепено беше овозможено за сите корисници (мислам дека и сите од Македонија веќе го имаат) новиот Твитер. Со ова од Твитер сакаа да ги поедностават работите, се да биде на дофат т.е. на еден клик, колку што е можно да ве задржат на самиот веб а не на други апликации.

Прво нешто што се забележува е дека е целосно поширок, главно поради десниот дел кој сега е скоро како и главниот дел со твитовите. Десниот дел е сега е транспарентен (75%). Со ова на многумина кои имаа позадина адаптирана и специјално дизајнирана за стариот, можеби на новиот им се растурила и ќе мора да направат нова. Но, затоа ќе ви помогнам подолу. Да почнеме со ред.

top

Со новиот мини хедер или бар залепен најгоре имате брз пристап до пребарувањето, вашиот профил, пораките и сетинзите. Најдесно е најкористеното нешто во твитер а тое иконката за нов твит.

Левиот панел можеби има можеби малку измени но во секој случај доста корисни и функционални. Значи стандардно тајмлајнот со твитовите, кои лесно може да ги менувате со омилените, тие што ги следите, тие што вас ве следат и креираните ваши листи. Пример лесно може да видите тие што ве следат, дали ги следите и вие и обратно.

behoff

Информациите за секој профил сега ви се лесно достапни, како и целата конверзација поврзана со одреден твит на некој што следите само со стрелката на десно односно малото бело облаче. И да, освен твитер псевдонимите ги имате и „вистинските“ имиња на твитерџиите.

iphone_prashanje

Десниот панел е стариот само посреден и проширен. Значи краток преглед на листите, трендовите, препораките кој да следите и сл.

right

Можеби една од најкорисните нови работи се кратенките на тастатурата. Само со "t" ретвитате, со j" и "k" имате навигација помеѓу твитовите, одговор имате со "r"  и многу повеќе.

shortcuts

Веќе го немате копчето Show More најдолу туку автоматски се полни листата со постари твитови.

За оние што не користеле други Твитер декстоп и мобилни апликации како Tweetdeck, Saezuri, Seesmic и многу други, сигурно најинтересно е што сега сликите и видеата се инкорпорирани во самиот твит. Не морате да ги отворате во прелистувач.

vimeo

Сега кога сакате да твитнете на некого или да пингате доволно е само да почнете да го пишувате името нормално со @ и после првите неколку букви ќе имате листа од која бирате.

auto

Тоа би било на кратко за новите измени, повеќе од аспект на функционалност, се надевам дека ви помогнав, иако целиот интерфејс е прилично интиутивен и лесен за користење.

Сега повеќе за дизајнот, односно најмногу за вашата твитер позадина.

Верувале или не ако користите монитор со резолуција од 1024 х 768 имате „слободен“ простор од само 40 пиксели лево и 30 пиксели десно. Значи простор за дизајн скоро и да не постои, бидејќи десниот панел зафаќа 380 пиксели.

1024

На 1280 х 1024 просторот лево и десно е попропорционален и и имате 105 и 103 пиксели и десен панел од 500 пиксели (што е всушност максимумот)
И резолуцијата која моментално ја користам 1680 х 1050 нуди простор од 265 х 263 пиксели, лево и десно. Веќе оптимален простор за дизајн и повеќе инфо за вас.

1600

И за крај, ако погледнете внимателно ќе видите дека самата структура на новиот дизајн го користи Златниот размер како правило (перфектен размер), за кое пишував претходно.

goldenratio-640

ако сте од оние ретки кои не ме следат на Твитер, мислам дека е време да кликнете Follow на следниот линк Wink

Во следното продолжение како сами да си направите сопствена позадина.

коментари (4)add comment

Dejan said:

0
...
„(мислам дека и сите од Македонија веќе го имаат) новиот Твитер.“ не баш, кај мене пример уште си е старио smilies/smiley.gif
октомври 04, 2010

danijanev said:

0
...
@Dejan ти и сестра ми само уште сте на стари...али ќе биде кај и да е smilies/smiley.gif
октомври 04, 2010

kihuPotru said:

0
...
е не е фер .. и кај мене уште е стариот smilies/smiley.gif

колку време треба да чекаме?
октомври 05, 2010

danijanev said:

0
...
ако има некој нашинец познат у Твитер дајте да лобираме, петиција ово оно smilies/smiley.gif
октомври 05, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons