Ное042010

PRVAtwitter-clients1
Твитер денес несомнено е една од најпознатите и најбрзите алатки и форми за онлајн маркетинг, бесплатно. А според најавите наскоро ќе има и промотивни платени реклами. Без разлика дали споделувате само обичен линк или попусти на ваш производ, Твитер може да ви помогне во тоа. Меѓутоа дали Твитер може да ви помогне како дизајнер, фриленсер или е само уште еден начин да ви го одвлекува вниманието непотребно додека работите? Ми дојде идеја да пишувам токму на оваа тема откако на статијата „Знаете дека сте дизајнер кога...“ го прочитав коментарот на Маја.

Твитер е од огромно значење на целата дизајн и фриленсинг заедница. Со  стотици илјадници дизајнери, програмери, фотографи, илустратори, веб мастери...кои твитаат секојдневно, со свои линкови од свои дела и портфолија, со совети, искуства со клиенти, она на што моментално работат и како работат, она што ги инспирира, кога нудат и бараат помош и што ли уште не. Подолу се само дел, а постојат мал милион причини зошто да имате Твитер и активно да го користите како фриленсер.

1. Учиме

Дневно гледам по стотици твитови каде фриленсери, дизајнери или девелопери наишле на некој проблем или грешки и бараат помош. На нив стотици од оние кои ги следат нудат решенија и свои искуства. Секој решен проблем е работа повеќе која сте ја научиле за кога истото ќе ви се случи и вам.

2. Прашуваме

Да речеме дека сте во сред кодирање на некоја веб страница, ви јавува грешка во кодот, или ефектот не е онаков како што сте посакувале, или што и да е...едноставен принтскрин и твитање за проблемот може многу полесно и најбитно побрзо да добиете одговор од вашите колеги низ твитер заедницата отколку на гугл на пример. 

3. Споделуваме

Штом ќе наидеме на интересен линк, поврзан со вашата работа, само со еден клик вие најбрзо го споделувате на Твитер. Или ако сте наишле на споделен линк, доволно е исто така еден клик за ретвит за и вашите следачи да го видат. Sharing is caring!

655_-_animals_chick_distraction_twitter

Дали ова ни одзема премногу од нашето време?

Сигурно ни се случило да отвориме некој линк од твит и да е интересен за читање, но е предолг, а вие сте биле во сред работа или имате стриктен рок. За тоа постојат неколку опции. Доволно само да ја ставите веб страницата во омилени и да ја прочитаме подоцна. Дали ќе биде традиционален начин во самиот прелистувач или ќе користите Delicious или во поново време познатиот Instapper или можеби го ставате во Favorites во самиот Твитер...што и да одберете ќе ви заврши работа, а вие и после неколку дена на раат може да се навратите на тој линк. 

И за крај, она што го напоменував неколку пати до сега за поефикасна работа. Да имате посебен монитор за мејл комуникација, скајп и твитер. Сигурно имате ваша омилена десктоп твитер апликација која ви е уклучена постојано. Ако сте на еден монитор многу често ќе правите минимизирање и максизимирање низ сите отворени апликации и програми, и токму тоа одзема внимание и деконцентрира во текот на работата. Па макар и само да се појавува некој поп ап. На посебен монитор доволен е само поглед да видите дали некој ви пишал на скајп, сте добиле нов мејл или треба да одговорите на твитер.

Првото мое приклучување на Твитер беше од љубопитност и пред се забава. Денес, Твитер ми е уште една алатка за брза комуникација, а во последно време и за наоѓање нови клиенти. Мислам дека со правилна Твитер стратегија може да го добиете тој дополнителен поттик потребен за секој нов почеток.
Затоа фриленсерите не смеат да го игнорираат Твитер и неговата моќ.

Што вие мислите, дали Твитер го сфаќате како потреба или непотребно губење време?

Слободно споделете мислења во коментарите подолу.

 

БОНУС: Dribbble, Твитер за дизајнери :)

Dribbble е сајт од дизајнери за дизајнери. Галерија со слики скечеви, измешана со форум дискусии и игриви компоненти. Корисниците т.е дизајнерите закачуваат свои креации и дизајни или скечеви уште во работни верзии. За тоа добивате фидбек, а може и да ги тагирате своите парчиња. „Играчите“ ако им се допаѓа вашиот дизајн ве следат, твитаат за тоа или линкаат. Сето ова со одличен веб 2.0 дизајн.

Dribbble


коментари (1)add comment

zlatko said:

0
...
добро обработени предностите на твитер, дефинитивно вреди да се користи, но се разбира како алкохолот, use responsibly smilies/smiley.gif
ноември 04, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons