Мај042014

Твитови на месецот (април)

april cover
Април беше месец со навистина добри твитови и беше тешко да се издвојат најдобрите. Отсега освен на твитер на мојот личен профил најголем дел од корисните линкови ќе бидат споделувани и на официјалната фејсбук страна dezenmk

Апр062014

Твитови на месецот (март)

cover
Продолжуваме и овој пат со најдобрите твитови за месец март. Корисни и практични линкови за сите фриленсери, креативци, дизајнери, програмери... Доколку нешто сум испуштил слободно пингајте или искоментирајте.

 
Мар272014

10 бесплатни мокапи за совршена презентација

11c

Сите добро знаеме дека една од главните компоненти на некој проект е неговата презентација. Да речеме сте дизајнирале одлична веб страна и сакате клиентот и пред да биде пуштена онлајн да види најреалистично како би изгледала, на монитор, таблет, смартфон и сл. Истото важи и за лого дизајн, и за дизајн на визит карти, и за постер и за...што и да помислите. Верувале или не, добрата презентација може да извади и до 25 проценти од вкупната оцена на клиентот. Затоа е многу важно да користите мокапи и реалистични темплејти кои лесно и брзо вашиот дизајн го „оживуваат“. Пред неколку години беа реткост, денес навистина може да се најдат многу, јас се потрудив да селектирам 10 најкорисни и се разбира бесплатни за употреба. Клик на сликите за преземање.

 
Мар112014

Twibfy - нова мрежа за дизајнери

twibfy_cover
Накратко е место каде дизајнери, уметници, креативци ќе може да откриваат нови содржини како инспирација и лесно да си ги организираат и споделуваат истите.

 
Мар062014

Познати музички омоти направени од Лего коцки

lp_cover
Познатиот британски дизајнер и фриленсер Арон Саваџ во својот најнов проект Brick the LP  „репродуцираше“ познати музички омоти (преку 40) со помош на Лего коцки. Од Elvis Priesly, преку Queen, Nirvana до Foo Fighters, Blur, Placebo и многу други. Многу прецизно изработени до најситен детал, потоа фотографирани и на крај обработени со дополнителни фото ефекти за целосно доживување и полесно препознавање. Мојот омилен е White Pony на Deftones. Колку вие може да препознаете?

 

Страница 2 од 22

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons