Окт272010

PRVAautopia_QA
Авионите и немаат којзнае што да понудат од аспект на дизајн. Стандардно бели со логото на авиокомпанијата или знамето на државата ако е и национален авио превозник. Но, има неколку храбри примери на авио компании кои трупот на авионот го користат за секаков вид промоција, а со тоа го задржуваат вниманието на патниците. Погледнете дел од најдобрите.

autopia_AE

Пред две години, руската авио компанија Аерофлот го исфарба нивниот Боинг 767 сребрено и црвен во чест на Рускиот Олимписки тим. Авионот леташе на релација Москва - Пекинг за време на Олимписките Игри 2008ма во Пекинг.

autopia_ANA

All Nippon Airways, како и се во модерната Јапонска култура што се окарактеризира со Hello Kitty, караоке, манга, видео игри...па затоа на овој Боинг 737 го има светски познатион Покемон.

autopia_ANZ

Ако сте од Нов Зеланд тогаш сигурно сте рагби фанатик. Така и Air New Zealand во чест на нив го направи целиот авион Airbus A320 црн со Кору симболот на опашката.

autopia_cc

Пепси Конкорд можеби беше најпознатиот конкорд на Air France. Сумата која ја платила остана во тајност до денеска, а и самото префарбување беше во строго контролиран затворен хангар.

autopia_CO

Continental Airlines на нивниот Боинг 777 го имаа германско-американскиот поп пејач Петар Макс во 1999та. Авионот поради многуте критики беше префарбан во 2007ма.

autopia_GW1

Germanwings, на нивниот авион имаа мечка, како симбол и официјално животно на Берлин, иако повеќето мислеа дека е ракун.

autopia_KU2

Јужно Африканската авио компанија Кулула стана многу популарна кога на нејзиниот нов Боинг 737 беше со коментари и инструкции и опис за користење. Ова не е прв пат Кулула да направи вакво нешто. Пред неколку години, еден од авионите го маскираа во камуфлирачки бои со напис „Никој не не виде како слетавме“

autopia_QA

Qantas на својот Боинг 737-800 како инспирација го користеа Улуру. Улуру е познато место на Абориџините во Австралија, кое во зависност од местоположбата на сонцето ја менува и бојата.

autopia_SW

Southwest Airlines е меѓу првите авиокомпании што имаше насликано модел. На едната страна на авионот беше прикажана моделот Бар Рафаели. Критичарите дури го нарекувале „порно авион“, но сопствениците велат дека тоа било правилен и исплатлив потег.

autopia_SWISS

Swiss Airlines по повод првата линија Цирих - Сан Франциско го префарбаа специјално за таа рута.

autopia_US

US Airways, е голем фан на американскиот фудбал. Нивната поддршка ја покажуваат со тоа што на четири нивни авиони Airbus A321 ги имаат маскотите, како примерот на сликата со Arizona Cardinals.

ed-force-one

И за крај, не е авио компанија, ова е Iron Maiden. Вокалистот, Брус Дикинсон, е и пилот и на далечните турнеи го користат исклучиво овој Боинг 757.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons