Со стикери до поубави ѕидови

Последниве години тренд во дизајнот на интериерот се стикерите за на ѕид. Овие мали налепници кои ги има во секакви бои, големини и форми може лесно и евтино да направат големи измени во вашиот дом или соба. На почеток се украсувале детските соби со најразлични тематики најчесто на ликови од цртаните филмови, додека денес и дневната цоба, кујната, купатилото се во игра. Едно мало гранче со птица на неа залепено до прозорецот веднаш го освежува просторот. Посебно ова важи за вашата работна соба, каде поминувате голем дел од денот, сакате да се чувстувувате пријатно. Значи не мора ништо шарено и украсно, туку еднобојно и минималистички дизајн. Не заборавајте важна е пред се идејата. За да ви помогнам во инспирацијата погледнете на повеќе дел од најдобрите.












































За крај погледнете дел од мојата соба излепена со стикери.



Доколку сакате и вие нешто вакво во вашиот дом, слободно пишете за дизајн, а и околу принтањето и лепењето може да ви помогнам 

janev
said:
|
... @Ефтим Кај нас по оние салоните за интериер и декорација на домот. Поевтина варијанта е да си нарачаш од интернет, а најевтино е сам свој мајстор. Ако имаш идеја би можел да помогнам околу дизајнот и принтот. |
Zlatko
said:
|
... Еј ова е феноменално! Таман си ја подновив собата, а едниот ѕид ми остана празен па немав идеја како да го пополнам. Да ставам уметничка слика или портрет од Тито ми е некако старомодно но еве некое cool стикерче би било одлично. Фала за идејата Даниел. |
Eli
said:
|
... Може ли те молам да споделиш страни каде што може да се нарачаат од интернет стикериве, Или каде што можат да се симнат дизајни за печатење, итн. Јас дефинитивно сум заинтересирана за вакви, како би можел да ми помогнеш околу принтањето, и колку од прилика коштаат 2-3 стикери, да речеме метар на метар, или поголеми? |
janev
said:
|
... Ели страници такви има стварно многу, да не копирам линкови, доволно е само да напишеш "wall decals" на пребарувач. а кај нас се прилично скапи, можеш да ги најдеш на tc.mk како декоративни стикери.Мојата помош би била баш тоа, нема да ги платиш толку скапо, можда дури на пола цена |
The Shifter
said:
|
... Ги има и во Скопје, се прават по порачка и не се толку скапи како оние што се продаваат во продавниците. Еве ја групата на facebook http://www.facebook.com/group....0242692786 |
но еве некое cool стикерче би било одлично. Фала за идејата Даниел.
