Фев022014

mk_dribbble_fr

Сигурно повеќето од вас веќе знаат или слушнале што е Dribbble. Ако не, прво прочитајте го овој пост .Нема да ви одземе многу време, иако постар сепак доволно за да се запознаете со овој сервис за дизајнери. Она што ме радува е дека мрежата сега е поотворена, има почесто покани, за разлика од порано, и најмногу од се, што се повеќе има дизајнери од Македонија. Затоа во овој пост ќе ги претставам 10те најдобри дриблери кај нас.

 

Владе Димовски

Dribbble_-_Vlade_Dimovski_-_2014-02-02_20
Владе е графички и веб дизајнер и меѓу првите од Македонија на Dribbble. Неговите дизајни се претежно логоа, веб елементи, интерфејси, мокапи и сл. Прв пат Владе го „сретнав“ на Envato Marketplace поточно на GraphicRiver каде може да се купат неговите дизајни. Исто така од неодамна дел од поновите дизајни и претежно кориснички интерфејси и фотошоп ефекти ги има и на Creative Market Иако не многу активен, сепак на Твитер може да го најдете како @erigongraphics

flattastic-pro-colors

preview-retro-web-elements

Нина Геогриева

Dribbble_-_Nina_Geometrieva_-_2014-02-02_18.37

Нина Георгиева или попозната како Геометриева е можеби најпозната наша дизајнерка со над 3000 следачи нa Dribbble. Она што е последно од нејзе е iOS играта UUUU со одличен дизајн и e навистина заразна. Инаку дизајнира и логоа, комплетни корпоративни дизајни и визуелни идентите и супер реалистични фотошоп елементи. Следете ја на Фејсбук и Твитер.

meteor-dribbble

ouen-darker-2_2_copy

Амир Карахасан

Dribbble_-_Amir_Karahasan_-_2014-02-02_18

Амир е фриленс дизајнер кој исто така е од поодамна на Dribbble. Најпознат е по своите лого дизајни, интерфејси, и веб дизајни. Има одличен минималистички стил. Познат е како zibbidy и под исто име може да го следите на Фејсбук и Твитер.

ak_monogram_2012_9_bw

qarma_01

 

Ристе Лазороски

Dribbble_-_Riste_Lazoroski_-_2014-02-02_19

Ристе е UI/UX дизајнер. Иако не „дрибла“ често, тоа што го поставува навистина e одлично. Најчесто cе iOS апликации, но има и за други платформи. Може да го следите на Твитер или најбрзо да го контактирате преку неговата веб страна.

sismos-ios7

wine_app

Александра Христов

Dribbble_-_Sandra_-_2014-02-02_19

Сандра сигурно ја знаете низ социјалните мрежи како дел од SkopjeCasual и авторка на најпознатиот блог за патувања кај нас. Инаку она што го работи е веб дизајнер и front end developer и најчесто тоа се најголем дел од нејзините „шутеви“ заедно со неколку одлични логоа. Moja препорака е да ја следите на Твитер бидејќи има корисни линкови посебно за дизајнери.

moitepatuvanja

nsd-05

Александар Тасевски

Dribbble_-_Mighty_Alex_-_2014-02-02_19

Александар е исто така UI/UX дизајнер, како и одличен веб дизајнер. Како доказ за ова е неговата веб страна која ја пушти неодамна. Освен ова има и одлични лого дизајни. Следете го и на Твитер и Фејсбук под псеводнимот MightyAlex.

ma-logo

mightyalex-dribbble

Маријан Петровски

Dribbble_-_Marijan_Petrovski_-_2014-02-02_19

Можеби името и презимето не ви звучат познато, но ако ви кажам psdchat.com тогаш ќе се сетите, бидејќи Маријан стои позади оваа веб страна на која може да најдете одлични Фотошоп ресурси и тоа бесплатни за преземање. Има навистина уникатни веб елементи, во минимал, модерен и flat стил. Може да го следите и на Твитер.

hexal

retina-flat-media-player

Златко Најденовски

Untitled-1

Златко е познат под името Pixelinspired. Oдличен лого и веб дизајнер, а во последно време многу попознат како дизајнер на икони, и тоа навистина добри pixel perfect иконки. Најголем дел може да ги најдете на GraphicRiver или директно да ги купите од неговата веб страна.

Untitled-2

flatties-1

Сања Вељаноска

Dribbble_-_Sanja_Veljanoska_-_2014-02-02_19

Сања, иако можеби нова на Dribbble, има навистина огромен потенцијал бидејќи како илустратор има веќе препознатлив стил кој е чист, векторски и креативен пристап посебно кон лого и дизајнот на иконки. Следете и ја на Твитер бидејќи мислам дека ќе има што да (по)каже.

icons

transcodify

Ребека Димитриевска

Dribbble_-_Rebeka_Dimitrievska_-_2014-02-02_19

Ребека ја открив неодамна и слично како и Сања мислам дека има голем потенцијал посебно во дизајнот на интерфејси за апликации, како и дектоп и веб елементи. Мој совет е само да „дрибла“ со повеќе дизајни и она што го работи.

jeniffer5

untitled-1

Има уште многу наши добри дизајнери кои ќе ги оставам за наредна тура, и се надевам ова ќе биде поттик за сите дизајнери да се поактивни и да се приклучат на Dribbble. До сега имам покането десетина наши дизајнери, така и овојпат ќе помогнам на еден од вас да се приклучи на мрежата. Се што треба да направите е да искоментирате подолу со линк до најдобрите ваши дизајни или пингајте ме на Твитер и поканата е ваша.

 

коментари (4)add comment

Gavrilo Angeloski said:

0
...
Добро е да се запознаат најдобрите графички дизајнери на Dribbble од Македонија. smilies/smiley.gif

Овде можете да ги погледнете моите дизајни : https://www.facebook.com/photo.php?fbid=2527038468041&set=a.1744853153897.92395.1615818165&type=3&theater
февруари 03, 2014

Петар Антевски said:

0
...
На самиот почеток сум, ама повелете линкче https://www.behance.net/gallery/stanica-studentska-20/12709351 smilies/grin.gif
февруари 05, 2014

Marijan Petrovski said:

0
...
Blagodaram shto ste me vklucile vo listava, koga ke dobijam novi invites ke gledam na nekoj Makedonec da go predadam edniot.

Ako e mozno bi sakal da vidam ushte edna lista "Top 10 Macedonians to follow on Behance" poradi toa shto e otvorena mreza, predpostavuvam ke ima poveke kreativci od razlicni sferi, deka Dribbble poveketo sme fokusirani na UI/UX, logo...
февруари 05, 2014

Janev said:

0
...
фала за коментарите, и секако ќе има и понатаму вакви постови.
поканата ја добива Петар Антевски, верувам дека има потенцијал и заслужува да биде на Dribbble, се надевам ќе се покаже како активен и добар smilies/smiley.gif
февруари 07, 2014

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons