Мар112014

twibfy_cover
Накратко е место каде дизајнери, уметници, креативци ќе може да откриваат нови содржини како инспирација и лесно да си ги организираат и споделуваат истите.

На прв поглед Twibfy има сличности со многу социјални медиуми за дизајнери, како Behance, Dribbble, Pinterest па дури и Twitter. Како платформа не нуди нешто револуционерно, но самиот дизајн како и лесното споделување е сигурно предност.

Twibfy_-_2014-03-11_12.11.40

Освен тоа лесно си правите сами колекции, кои може да ви бидат приватни или јавни.
За прелистувачите постои стандарден drag n drop за најбрзо споделување со други пријатели во мрежата. Исто така пребарувањето е брзо, и освен по категории, тагови може да биде и по боја.
Се поврзувате со Google +, Facebook или Email и освен класичните информации за секој профил имате интересна статистика за користењето на Twibfy.

Twibfy_-_2014-03-11_12.05.16

Од неодамна постои и апликација за iPhone која ги има истите функции но спакувани многу подобро, и тука е предноста на камерата и можноста брзо да аплоадирате ваши креации и дизајни.

photo_1

photo_3

Сето ова и нешто повеќе како кратка видео презентација.

 

Следете ги и на Twitter и задолжително испробајте ја бидејќи навистина на прво користење има голем потенцијал.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons