Ное262014

111
Овој викенд од 28ми до 30ти ноември ќе се одржи првиот Design on Film фестивал кај нас. Се работи за тридневен фестивал на документарни филмови поврзани со уметност, фотографија, архитектура и дизајнот во целина. 

Ќе се прикажат вкупно 9 филма во Кинотека и Concept 37. Помеѓу проекциите ќе има предавања и afterparties со македонски диџеи. Ова е одлична можност за сите креативци, за дружење, размена на идеи, вештини и знаења, инспирација.

DSC 9724

На фестивалот ќе се прикажат следните филмови "Design and Thinking", "Lucian Hervé", "Tadao Ando", "Milton Glaser", "Maker", "Urbanized", "Sign Painters", "Presspauseplay". Организатор е Мики Стефаноски, познат дизајнер и арт директор во Saatchi & Saatchi. 

1401259 1500616886883130 1063984030828204193 o

Фестивалот последниот ден ќе биде збогатен и со Behance Reviews од страна на Creative Exchange, група за споделување и развивање на креативните области во Македонија која 2 пати годишно прави свои Meet-ups.

Obey-The-Giant

Влезот е бесплатен но мора однапред да се резевира присуството. Да се надеваме дека фестивалот ќе стане традиционален секоја година, бидејќи вакви и слични настани од областа на дизајнот генерално, фалат кај нас. 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons