Скопје постер фестивал по 10ти јубилеен пат
Оваа година Плакарт и Скопје постер фестивалот слават 10 години од своето постоење и од првиот плакарт конкурс. За таа цел оваа година пријавувањето на конкурсот ќе биде бесплатно.
Годинешна тема е “Вештачката интелигенција и реалност” , горлива тема за бизнис елитите и политичките лидери, и глобално прашање кои ги засега развиените и земјите во развој. Рокот е до 30ти октомври 2017, и ќе оди во три фази, прелиминарна онлајн фаза, главна онлајн фаза и жири сесии во ќиво во Скопје. Повеќе за темата, условите и наградите на линков.
Дизајнот на плакатот за оваа година е на Мишел Буве, организатор на најголемиот фестивал за графички дизајн во Франција „Fête Du Graphisme“
