Јун282010

design_inspiration
Сите ние имаме по неколку веб страни меморирани во омилени како страни за инспирација. Истражувањето е важен дел од секој проект. Пред да започнеме веднаш со работа во Фотошоп на пример мора според насоките добиени да бараме инспирации и свежи идеи. Подолу направив листа на 5 познати веб страни од каде може да се инспирирате.

 

10_flickr

Flickr сервис на Јаху за споделување на фотографии и еден од најпознатите во таа индустрија. Со зачленувањето на најразличните групи, добивате сетови од инспиративни креации секој ден. Пример, дизајн на визитки карти, ги имате илјадници, сигурно ќе добиете некоја идеја за наредниот ваш проект. Од поново време може да се закачаат и видеа, а и има нов и подобрен интерфајс.

 

01_fffound

Ако барате веб страна со бесконечно многу и постојана инспирација тогаш ја НАЈДОВТЕ или FFFFOUND. Секојдневно се менуваат најпрегледуваните, секогаш сте во тек со сите новитетите и трендови. Дури има и апликација за iPhone за инстант брзо прегледување.

 

02_behance

Behance е огромна мрежа на талентирани дизајнери. Со поставување на свое портфолио и поврзување со останатите од вашата индустрија вие веќе имате место за инспирација од најдобрите. И не само тоа, тука може да си најдете и потенцијални клиенти.

 

03_deviantart

DeviantART е веб страна за која сигурно сте слушнале. На почетокот како место за фотографи, сега проширено со се поврзано со дизајн или уметност. Место за ваше портфолио, заедно со над 13 милиони регистрирани корисници. Иако за прелистување на секакви креации не е потребно да имате профил, топло ви препорачувам да го направите тоа, и почнете да поставувате ваши „девиации“. Додека сте таму проверете го и мојот профил.

 

коментари (1)add comment

ExtremeBt said:

0
...
Супер! Убаво е тука да се споменат Creaticca и Forrst.
март 26, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons